ОРГАНИ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Здружението го претставува и застапува Претседателот на Здружението. Има мандат од 4 години со можност за повторен избор. Претседателот по функција е член на Управниот одбор и негов претседател.

Претседател на Здружението на правниците на Република Северна Македонија е Проф. д-р Горан Коевски

СОБРАНИЕ
Собранието е највисок орган на Здружението.

Собранието го сочинуваат сите негови редовни членови.

Колективните членови се застапени со по еден претставник определен од надлежниот орган на истите.

Собранието работи на седници.

Собранието може да биде редовно (годишно) и вонредно.

Редовното собрание се свикува и состанува најмалку еднаш годишно.

Собранието:

  • донесува статут и негови измени и дополнувања со двотретинско мнозинство мнозинство гласови од вкупниот број членови во Собранието;
  • усвојува други акти на Здружението;
  • донесува план и програмата за работа на Здружението;
  • дава насоки за работата на Здружението;
  • усвојува годишен извештај за работа на Здружението и годишен финансиски извештај (годишна завршна сметка) и ги објавува на својата веб-страница;
  • го доставува годишниот финансиски извештај (годишна завршна сметка) до надлежниот орган на државна управа;
  • усвојува финансискиот план на Здружението;
  • го рагледува и усвојува извештаите за работа на Управниот одбор и на Надзорниот одбор;
  • одлучува за промена на целта на Здружението;
  • одлучува за внатрешната организација и организациони форми на органите на Здружението;
  • избира и разрешува членови на Управниот одбор;
  • избира и разрешува членови на Надзорниот одбор;
  • избира Претседател;
  • одлучува за почесните членови на Здружението,
  • одлучува за статусните измени на Здружението;
  • одлучува по жалби по одлуки донесени од Претседателот или од Управниот одбор;
  • одлучува за престанокот на Здружението; и
  • врши и други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението, а кои не се во исклучива надлежност на други органи на Здружението.
УПРАВЕН ОДБОР
УО е извршен орган на Здружението кој се грижи за спроведување на целите на Здружението утврдени со овој Статут.

УО се состои од 9 членови (Претседател + 8 членови), кои се бираат од страна на Собранието. Претседателот по службена должност е член на УО истовремено е и претседател на УО.

Мандатот на членовите на УО е 4 години, со право на повторен избор.

  • ја обезбедува редовната работа на Здружението;
  • заедно со Претседателот работи на подготовка и свикување на редовното (годишно) или вонредно Собрание;
  • му предлага на Собранието одлука за донесување на Статутот, како и за изменување и дополнување на Статутот;
  • ја предлага на Собранието годишната Програма за работа на Здружението;
  • до Собранието, преку НО, ги предлага на усвојување годишниот извештај за работа, годишниот финансиски извештај (годишна завршна сметка) и финансискиот план;
  • се грижи за спроведување на одлуките и заклучоците на Собранието;
  • ја операционализира програмата за работата на Здружението;
  • одлучува за воведување на нови методи и облици на работа;
  • ги утврдува и организира формите на работа и на делување на Здружението и за тоа донесува соодветни одлуки;
  • го утврдува годишниот износ на чланарината и начинот на нејзино плаќање;
  • одлучува за надоместоци и хонорари за лицата ангажирани во активностите на Здружението во рамки на финансиските политики и одобрениот финансиски план на Здружението;
  • утврдува рамка за финансиски и други повластувања што може да им се дадат на членови на Здружението или на други лица кои се вклучени во активностите на Здружението;
  • одлучува за склучување на договори или други правни работи чија вредност надминува 300.000,оо (триста илјади) денари;
  • донесува тарифа за авторските хонорари за лицата ангажирани на настани организирани или со-организирани од Здружението;
  • со претходно одобрување од Надзорниот одбор ја утврдува висината на надоместокот на членовите на УО и на Претседателот, а во рамки на финансиските политики и одобрениот финансиски план на Здружението;
  • на предлог на Претседателот, ја утврдува платата на Секретарот и стручната служба на Здружението;
  • донесува финансиски одлуки, кои не се во надлежност на Претседателот;
  • донесува одлуки и утврдува политики за објавување на билтени, стручни списанија и публикации;
  • именува главен уредник, уредник и заменик главен уредник, редакција и меѓународни уредувачки одбори на публикациите на Здружението;
  • на предлог на Претседателот, ги именува главниот и одговорен уредник и членовите на редакцијата на стручното списание ПРАВНИК;
  • одлучува за доделување на признанија за придонес на развојот и унапредување на правниот систем, правната теорија и практика, правната свест, правната етика и правната култура, како и за придонес во работата на Здружението;
  • одлучува за прием на нови членови (индивидуални, колективни, придружни и почесни);
  • одлучува за престанок на членство во Здружението, по претходен предлог од Претседателот;
  • на предлог на Претседателот одлучува за соработка и здружување со други сродни организации, како и за меѓународна соработка;
  • на предлог на Претседателот одлучува за поднесување на барање за добивање на статус на Здружение од јавен интерес
  • на предлог на Претседателот определува претставници на Здружението за учество во работата на сродни организации во земјата и во странство;
  • врз основа на предлог на Претседателот го избира Секретарот на Здружението;
  • формира постојани и повремени работни тела и
  • одлучува за други прашања за кои, по закон или статут, не се надлежни други органи на Здружението.

УО поднесува извештај за својата работа на разгледување и одобрување до годишното Собрание.

Актуелни членови на Управниот одбор

1. Д-р Горан Коевски, редовен професор по трговско право, при УКИМ Скопје – Претседател на Здружението на правници на РСМ
2. Катерина Анчевска Нетковска ,редовен професор на Фармацевтскиот факултет при УКИМ Скопје
3. Д-р Андриана Скерлев Чакар, Одделение за нормативно – правни работи, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Северна Македонија (ААВМУ)
4. Субхи Јакупи, судија на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија
5. Хари Ајцев,адвокат од Скопје
6. Д-р Игор Камбовски, професор на катедра по граѓанско право, на Правниот факултет при УГД, Штип
7. Александар Новакоски, адвокат од Скопје
8. Д-р Александра Деаноска Трендафилова,редовен професор по казнено материјално право, на Правниот факултет „Јустинијан
Први“, при УКИМ Скопје
9. Д-р Весна Паункоска Додевска, Раководител на правна служба во Пивара АД Скопје ПА

НАДЗОРЕН ОДБОР
Здружението има НО како орган за надзор.

  • НО ја следи и врши надзор над работата на органите формирани согласно со закон и со овој Статут. За своите наоди и мислење НО го известува Собранието и органот чиешто работење е под надзор.
  • НО утврдува дали дејноста на Здружението е во согласност со законите, Статутот и другите акти на Здружението. НО особено го надгледува материјалното и финансиското работење на Здружението.
  • НО е должен да свика вонредна седница на Собранието во случај на потешки повреди на материјалното и финансиското работење на Здружението од страна на органите на Здружението.
  • НО ги одобрува и до Собранието ги доставува на усвојување извештаите за работа на Претседателот и на УО.
  • НО ги одобрува и до Собранието ги доставува на усвојување годишниот извештај за работа на Здружението, годишниот финансиски извештај (годишна завршна сметка) и годишниот финансиски план.
  • НО поднесува извештај за својата работа на разгледување и одобрување до годишното Собрание.
  • НО се состои од 5 члена кои се бираат од страна на Собранието. Мандатот на членовите на НО трае 4 години со право на повторен избор.
  • НО одржува најмалку една седница годишно. НО одлучува со мнозинство од неговите членовите.
  • НО од редот на своите членови избира претседател. Во отсуство на претседателот, со НО претседава најстариот присутен член.

Актуелни членови на Надзорниот Одбор

1. Д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје
2. Д-р Александра Груевска Дракулевски, редовен професор по казнено материјално право, криминологија и пенологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ Скопје
3. Артан Лимани, судија на Основниот Граѓански суд во Скопје
4. Анета Петровска Алексова, нотар од Скопје
5. Александар Трајковски,адвокат од Скопје

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM