Здружението на правници на Република Северна Македонија

Ве поканува на практично еднодневно советување на тема:

 

„Права на субјектите од аспект на примена на новата регулативна рамка за заштита на лични податоци.

Како до сопствено решение за усогласеност (отчетност)?“.

 

Еднодневното советувањето ќе се одржи на 05.10.2021 год. (вторник) во хотел Мериот, Скопје со почеток во 9:00 часот

Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на оваа покана.

Предавач на ова советување е: Г-дин Игор Кузевски, со долгогодишно искуство во областа на заштитата на личните податоци.

 

Пријавувањето за учество на еднодневното советување започнува на 17.09.2021 год. (среда) и трае најдоцна до 28.09.2021. (вторник) на телефон 02/3131-084 или на меил: mla@mla.org.mk. Бројот е ограничен на 35 учесници.

 

При пријавувањето наведете: име, презиме, адреса за е-пошта и телефон на учесникот/чката и име и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.

Агендата и деталите во однос на Еднодневното советување Ви се достапни на следниот линк

Цената за учество на советувањето за едно лице е:

– 3.480,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник“ и членови на ЗПРСМ и

– 3.870,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.

За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.

Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество и кафе пауза.

ВАЖНО: Еднодневното советување ќе се одржи согласно мерките и препораките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19. Поради тоа задолжително е поседување на сертификат/потврда за извршена имунизација, односно примена најмалку прва доза вакцина; сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска со оваа покана за учество на практичното советување, Ве молиме, контактирајте нè на наведените телефони или реплицирајте на оваа порака.

 

Со почит,

Здружение на правници на Република Северна Македонија

 

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM