[ПОВИК]

За номинација на претставници во локалната мрежа за подобрување на политиките и услугите за мигрантите.

Здружението на правници на РМ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и НВО Атина  објавуваат повик за граѓански организации, центри за социјална работа, образовни институции, државни институции, како и поединци и неформални групи за вклучување во локалните мрежи за подобрување на политиките и услугите за мигрантите во Македонија и тоа во Скопје, Куманово и Гевгелија.

Трите мрежи ќе започнат со функционирање од 1 јуни 2017 година.

Секоја локална мрежа ќе биде водена од еден член (local focal point), избран од членовите на мрежата, за кој е предвиден месечен финансиски надомест. Членот (focal point) ќе биде дополнително избран по воспоставување на истите.

Членовите на мрежите ќе добијат две дводневни обуки за мониторинг и застапување на политики на локално ниво и притоа самите ќе креираат планови за локален мониторинг на политиките и услугите за мигрантите во таргетираните општини. Обуките ќе одржат во периодот од август 2017 до декември 2017.

Обврските на членовите на мрежите ќе биде да имаат најмалку еден состанок на секои два месеца. Како конкретен производ кој ќе произлезе од работата на мрежите ќе бидат три мониторинг извештаи (изработени по однапред направена методологија од страна на имплементаторите на проектот) и тоа во септември 2017 година, февруари 2018 година и ноември 2018 година.

    Во тој контект, Ве покануваме да номинирате најмногу два претставника кои ќе земат учество во мрежата со испраќање на CV од кандидатите и пропратно писмо за номинација (доколку кандидатот е дел од организација/институција).

Рокот за номинирање на кандидатите е 19 мај 2017 година.

Пријавите е потребно да се испратат електронски на euproject@mla.org.mk

Формирањето на локалните мрежи е во рамките на проектот “Градиме заедно: мониторинг и застапување на локалните заедници” кој Здружението на правници на Р.Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го имплементира во периодот од јануари 2017 до декември 2018.

Ви стоиме на располагање за сите дополнителни прашања.

 

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM