ОГЛАС ЗА ВОЛОНТЕРИ

Здружението на правници на Република Македонија е здружение на граѓани во која доброволно се здружуваат правниците од Република Макeдонија со цел да ги остваруваат, задоволуваат и заштитуваат своите стручни и други интереси, има потреба од ангажирање на волонтери за вклучување во административните и програмските активности.

Заинтересираните кандидати треба да испратат или достават писмо во кое искажуваат интерес и кратка биографија (CV) најдоцна до 29 август 2017 година на е-пошта: mla@mla.org.mk

Опис на работните задачи: Волонтерската програма на ЗПРМ дава можност за вклучување во разновидни активности за извршување на програмски и административни работни задачи како што се: организација на обуки, следење на активности на терен, набавка на материјали за канцеларијата и обуки, внесување на податоци во датотеки, архивирање на документи, водење на записници и извештаи од состаноци, испраќање на писма, факсови и слично.

Потребни квалификации: без работно искуство; работа со компјутери (MS Office); одлични комуникациски способности, тимско работење, флексибилност, одговорност кон работата.

Избраниот кандидат/ка ќе почне со работа најдоцна до 15 септември 2017 година.

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM