Почитувани,

На ден 17.12.2018 год. во х. Континентал во Скопје се одржа еднодневното советување на тем „Престанок на договорите: неисполнување на договорите, неважност, ништовност, правни последици според ЗОО и влијание на стечајната постапка врз полноважноста, битни повреди на договорите, потреби од измени и дополнувања во македонското законодавство и практични искуства од судската пракса“, на кое како предавачи свое излагање имаа Проф. д-р Кимо Чавдар – професор на Универзитет „Американ колеџ – Скопје“, М-р Александар Шопов – судија и претседател на Основен суд Велес, Проф. д-р Јадранка Дабовиќ – професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ УКИМ Скопје и Александар Цацков – судија во Основен суд Штип.

Ова еднодневно советување беше во организација на Здружението на правници на Република Македонија, а во соработка со Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје.

 

 

 

Со почит,

Здружението на правници на Република Македонија

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM