Здружението на правници на Република Северна Македонија

Ве поканува на практично еднодневно советување на тема:

„Стечај над банки и штедилници – статус и предизивици, Actio Pauliana“

17.9.2020 год. (четврток) во хотел Белви, Скопје со почеток во 9:00 часот

Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на оваа покана.
 
Предавачи на ова советување се:


– Наташа Савовска Димитровска, судија во Апелационен суд – Скопје


– д-р Маја Стевкова Штериева – претседател на Македонска банкарска асоцијација и Главен Финансов Директор на Комерцијална Банка АД – Скопје


– Билјана Јачева, судија во Основен суд – Велес 

Пријавувањето за учество на еднодневното советување започнува на 1.9.2020 год. (вторник) и трае најдоцна до 16.9.2020 год. (среда) на телефон 02/3131-084 или на меил: mla@mla.org.mk. Бројот е ограничен на 50 учесници.
 
При пријавувањето наведете: име, презиме, адреса за е-пошта и телефон на учесникот/чката и име и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
 
Агендата и деталите во однос на Еднодневното советување Ви се достапни на следниот линк.

Цената за учество на советувањето за едно лице е:
– 3.000,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник“ и членови на ЗПРСМ и
– 3.500,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.

 
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст,  4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.
 
Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество и кафе пауза.
 
За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска со оваа покана за учество на практичното советување, Ве молиме, контактирајте нè на наведените телефони или реплицирајте на оваа порака.
 
 
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Адреса                                              
Бул. Гоце Делчев бр.9б, Скопје
+389 02 31 31 084           

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM