Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни претставува големо задоволство да ве поканиме да присуствувате на 83-та Средба на правници, што ќе се одржи од 02 јуни до 04 јуни 2022 година, во хотел Дрим, Струга.
На оваа Средба, на дневен ред е широк спектар на актуелни теми од различни области на правото.
Првиот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Фатиме Фетаи, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Блажо Трендафилов, директор на Управа за финансиско разузнавање и М-р Александар Шопов, судија во Основен суд Велес.
Вториот ден од Средбата ќе започне со излагања на следните предавачи:
Проф. д-р Срѓан Ѓорѓевиќ, продекан на Правен факултет, Универзитет во Крагуевац, Проф. д-р Сејдефа Џафче, декан на факултетот за правни и политички науки при АЕУ-ФОН Универзитет, Бурим Сејдини, претседател на Управен суд Скопје, Гордана Јакова, судија во Основен граѓански суд Скопје и М-р Светлана Попова, секретар на Школа за докторски студии при УГД Штип, лиценциран Медијатор, Помирувач и Арбитер.
Последниот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Александра Палашевска, судија во Основен граѓански суд Скопје и Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје.
Агендата за 83-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк.
*Важно: Агендата е во обработка, можни се дополнителни измени.
Пријавата за учество можете да ја направите на следниот линк.
Пријавувањето исто така можете да го направите и на официјалниот меил на Здружението на правници mla@mla.org.mk.
Износот за котизација на претстојната 83 – та Средба на правници е 4.490,00 + 18% ДДВ за претплатници и членови на Здружението на правници на РСМ и 4.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
– повеќе од три учесници: 5% попуст на котизација
– повеќе од пет учесници: 10% попуст на котизација
Сите пријави за учество кои ќе бидат испратени до 18.05.2022 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Дрим.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Претседател
Стевица Јосифовски
Share This