Почитувани,

Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 86-та Средба на правниците во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија, што ќе се одржи од 02-04 ноември 2023 година во хотел Метропол, Охрид.

Притоа, ви го најавуваме широкиот спектар на моментално актуелните теми од различни правни области:

Измените на Законот за облигационите односи од јули 2023 г. и предизвиците од нивната имплементација (споредбено-правни аспекти, проблеми во досегашната примена)

  • Измените на Кривичниот законик од септември 2023 г. (споредбено-правни аспекти, можни предизвици во нивната примена)
  • Легалитетот наспрема легитимитетот на судскиот совет во македонскиот правосуден систем
  • Ветингот како правен механиам за прочистување на државните институции од некомпетентни и корумпирани кадри
  • Сличности и разлики помеѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ
  • Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот
  • Предложени новини во уредувањето на индустријата за хартии од вредност (финансиски инструменти, проспект, транспарентност)
  • Предложени новини во уредувањето на трговските друштва (транспонирање на ЕУ компаниското право во македонското право на трговските друштва)

 

Подетални информации околу агендата и котизацијата за учество, очекувајте наскоро!

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM