88 – ма СРЕДБА НА ПРАВНИЦИ
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 88-та Средба на правници на Република Северна Македонија, што ќе се одржи од 31.10 до 02.11. 2024 година во хотелски комплекс Метропол, Охрид.
Истовремено, ви го најавуваме широкиот спектар на актуелни теми од различни правни области:
- Казнено-правни аспекти на лекарска грешка, д-р Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје и Судско-медицински аспекти на несовесното лекување и лекарска грешка, д-р Златко Јаќовски, редовен професор на Медицински факултет, при УКИМ во Скопје
- Правни постапки предвидени во Законот за концесии и јавно приватно партнерство и во Законот за минерални суровини, рокови за постапување и правна заштита; г-а Александра Митреска, адвокат од Скопје и г-дин Субхи Јакупи, судија во Виш управен суд на РС Македонија
- Примена на Законот за забрана на нефер трговски практики (економско-правни аспекти); г-а Розана Ванковска, член на Комисијата за заштита на конкуренцијата на РС Македонија и г-a Билјана Додевска, државен советник за меѓународна соработка во Министерство за економија и труд
- Имотно-правни односи помеѓу брачни другари; д-р Дејан Мицковиќ, редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ во Скопје и г-а Гордана Ролевска Ќупева, судија во Основен граѓански суд Скопје
- Правен статус на подружница организирана од странско трговско друштво; д-р Горан Коевски, редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ во Скопје
- Трговски договори и одговорност за штета од нивна повреда: кој, за што и како одговара; д-р Неда Здравева, редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ во Скопје
- Нестандардни форми на работа, д-р Александар Ристовски, вонреден професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ во Скопје
Агендата за 88-та Средба на правници е достапна на следниот линк.
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.
Износот за котизација на претстојната 88 – ма Средба на правници е 6.990,00 + 18% ДДВ за претплатници на Правник и редовни членови на Здружението на правници на РС Македонија (членарината се однесува за сите оние кои имаат уплатено за тековната 2024 година) и 7.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За млади правници до 26 години котизацијата е 4000,00 денари + 18% ДДВ.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
- 5% попуст за 3 пријавени учесници
- 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
- 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
- За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации
Сите оние кои ќе се пријават до 14.10.2024 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.
Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 28.10.2024 година.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол, Охрид.
Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски
Share This