Здружението на правници на Република Северна Македонија
ве поканува на практично еднодневно советување на тема:
„Compliance функцијата – перспективи и трендови“
Еднодневното советувањето ќе се одржи на 27.11.2024 год. (Среда) во Солун Хотел и Спа, Скопје со почеток во 12 часот.
Честите регулаторни промени, како и промена на трендовите и новите ризици со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење (ЕСГ ризици, дигитални ризици, појавата на вештачката интелигенција и сл.) ја прават функцијата на усогласеност во работењето повеќе од било кога досега препознатлива и актуелна, што пак бара континуирано стекнување на знаења и вештини, во насока на подготвеност да се одговори на новите предизвици и регулаторни барања. Оттука, советувањето е наменето првенствено за правници кои ја вршат функцијата на усогласеност во своите институции, но и за колегите/шките кои сакаат да ги продлабочат своите знаења во оваа област.
Предавачи на ова советување се: Весна Паункоска Додевска – Пивара Скопје АД и /или претставник од регулатор; Ирена Бачановиќ Каракашев – Compliance и правен консултант и Игор Александровски – Адвокатско друштво Апостолска, Александровски и партнери.
Пријавувањето за учество на еднодневното советување е најдоцна до 25.11.2024 година (понеделник) на меил: mla@mla.org.mk. Бројот на учесници е ограничен на 40 учесници.
При пријавувањето, Ве молиме да наведете: Ваше име, презиме, адреса на електронска пошта и телефон на учесникот/чката и име и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Агендата за Еднодневното советување, е следнава:
12:00 – 12:45 „Compliance функцијата како дел од системот на добро корпоративно управување”, предавач: Весна Паункоска Додевска и/или претставник на регулатор
12:45 – 13:30 „Управување со ризиците кои ги покрива Compliance функцијата”, предвач: Ирена Бачановиќ Каракашев
13:30 – 14:00 Пауза за кафе
14:00 – 14:45 „Трендови и перспективи на Compliance функцијата“, предавач: Игор Александровски – Адвокатско друштво Апостолска, Александровски и партнери
14:45 – 15:15 Прашања и дискусија
Цената за учество на советувањето за едно лице е:
– 3.899,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник” и членови на ЗПРСМ и
– 4.298,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува попуст од 10%, за 4 учесници – 15% попуст, додека за 5 и повеќе учесници – 20% попуст.
Плаќањето се врши по основ на доставена фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество и кафе пауза.
За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска со оваа покана за учество на практичното еднодневно советување, Ве молиме одговорете на оваа порака.
Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Share This