Здружение на правници на
Република Северна Македонија
Здружението на правниците на Република Северна Македонија е основано на основачкото собрание, одржано на 6 март 1968 година. Здружението е организација на граѓаниво која доброволно се здружуваат правниците од Република Северна Македонија со цел да ги остваруваат, задоволуваат и заштитуваат своите стручни и други интереси и организирано да дејствуваат и помагаат во остварувањето на Република Северна Македонија како модерна правна држава, во која владее правото и во која се почитуваат и остваруваат меѓународните правни стандарди во различните сфери на живеење и работење.