Создаваме заедно: Мониторинг и застапување за заедницата

Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со Здружение на правници на Р. Македонија и невладината организација АТИНА од Р. Србија започна со имплементација на проектот Создаваме заедно: Мониторинг и застапување за заедницата кој е финансиран и подржан од страна на Европска Унија.

Главната цел на проeктот е да се подобри позицијата на бегалците и останатите мигранти, особено деца и жени во локалните општини во Р. Македонија и Р.Србија. За време на траењето на проектот Фондацијата Конрад Аденауер, Здружението на правници на Р.Македонија и невладината организација АТИНА од Р. Србијаа ќе развиваат механизми за учество во заедницата за континуирано следење и застапување за спроведување на ефективни политики за интеграција, заштита и услуги за мигранти, особено жени и деца.

Очекуваните резултати од проектот се Мрежите за локален мониторинг и застапување  да се обучат за следење на локалните политики и практики на заштита во однос на интеграцијата на мигрантите;  локални политики и услуги за мигранти, особено жени и деца, да бидат подобрени како и  слични иницијативи од страна на здруженија и институции да се имплементираат во Р. Македонија, Р. Србија и во регионот.

Покрај тоа, во рамките на проекот три Локални мрежи за унапредување на политиките и услугите на мигрантите ќе бидат креирани почнувајќи од 1ви јуни 2017 година. Мрежите ќе функционираат во Скопје, Гевгелија и Куманово. Тие ќе бидат составени од претставници од граѓански организации, државни институции, центри за социјална работа, локални општини, како и поединци и неформални групи кои работат на полето на спроведувањето на политиките и обезбедувањето на услуги за мигранти на локално ниво.

Нивната главна задача ќе биде следење на локалните политики и практики во трите општини. Проектот исто така ќе вклучува и студиска посета на Германија во три градови, Есен, Дортмунд и Берлин и производство на два документарни филмови за подигнување на јавната свест. Како финален производ, регионален е конференцијата која ќе биде организирана во ноември 2018 година за споделување на најдобрите практики од проектот.

Периодот на имплементација на проектот е јануари 2017 до  декември 2018 година.

 

 
 
 
Facebook
Facebook
INSTAGRAM