ПРЕТСЕДАТЕЛ

Здружението го претставува и застапува Претседателот на Здружението. Има мандат од 4 години со можност за повторен избор. Претседателот по функција е член на Управниот одбор и негов претседател.

Претседател на Здружението на правниците на Република Северна Македонија е

Проф. д-р Горан Коевски

ОРГАНИ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО

СОБРАНИЕ
Собранието на Здружението го сочинуваат сите членови кои пристапиле кон Здружението.Собранието на Здружението, според статутот,  е надлежно за:
  • донесува статут, програма и други акти;
  • усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и ги објавува на својата веб- страница;
  • одлучува за промена на целта на Здружението
  • одлучува за внатрешната организација и организациони форми на органите на Здружението
  • избира претседател на Здружението;
  • избира и разрешува членови на Управниот одбор и го определува нивниот број и избира и разрешува членови на Надзорниот одбор на Здружението,;
  • одлучува за статусните измени на Здружението;
  • одлучува за почесните членови на Здружението;
  • одлучува за престанокот на Здружението, и
  • врши и други работи во согласност со статутот и актите на Здружението

извештај за работа за 2013 година
финансиски извештај за 2013 година

извештај за работа за 2014 година
финансиски извештај за 2014 година

– извештај за работа за 2015 година
– финансиски извештај за 2015 година

извештај за работа за 2016 година
финансиски извештај за 2016 година

– извештај за работа за 2017 година
– финансиски извештај за 2017 година

УПРАВЕН ОДБОР


Управниот одбор на Здружението е извршен орган на Собранието. Бројот на членовите во Управниот одбор го определува Собранието со посебна одлука. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години со можност за повторен избор.

  • Управниот одбор во соработка со претседателот и извршниот директор, ги подготвуваат седниците на Собранието
  • ги утврдува и организира формите на работа и на делување на Здружението и за тоа донесува соодветни одлуки,
  • организира стручни расправи, ги подготвува предлозите на материјалите и одлуките кои ги донесува Собранието
  • се грижи за спроведување на одлуките и заклучоците на Собранието
  • ја операционализира програмата за работа на Здружението;
  • врз основа на јавен оглас го именува извршниот директор на Здужението;
  • формира постојани и повремени работни тела;
  • одлучува и за други прашања утврдени со статутот и по барање на Собранието.

Актуелни членови на Управниот одбор

  1. Стевица Јосифовски – адвокат, Претседател на Здружение на правници на Република Македонија
  2. Доц. д-р Валентина Анѓелкоска – Професор на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје
  3. Проф.д-р Горан Коевски – Декан на Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје
  4. Д-р Андријана Скерлев-Чакар – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Р.Македонија
  5. Проф.д-р Борче Давитковски – Професор на Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје
  6. Проф.д-р Катерина Анчевска Нетковска – Вонреден професор на Фармацевтски факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
  7. Проф.д-р Сејфула Османи – Вонреден професор на Меѓународниот Универзитет во Струга
  8. Александар Шахов – Директор на ИДЕАС ДеПо
  9. Јана Стојкова – Диркетор за правни работи Македонија АТЛАНТИK ГРУПА
ОДБОР


Здружението има Надзорен Одбор како орган за надзор.

Надзорниот Одбор брои 3 члена кои ги избира Собранието со мандат од 4 години.
Надзорниот Одбор ја следи примената на статутот и на програмата, се грижи за работењето и имотот на организацијата и врши други работи на начин утврден со Статутот. Надзорниот Одбор го следи и прибирањето на членарината, за што повременo, а најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието.

Актуелни членови на Надзорниот Одбор

Хари Ајцев, адвокат
Владимир Цекоски, адвокат
Анета Петровска Алексова, нотар

КОМИСИЈА ЗА ПРИМЕНА НА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС


Комисијата ја формира Управниот одбор на Здружението и се состои од 3 члена. Комисијата ги испитува наводите во пријавата и во случај на постоење на непочитување на Етичкиот кодекс изрекува мерка- опомена. Три изречени мерки на опомена на ист член на Здружението повлекуваат мерка- престанок на членство во Здружението.

Актуелни членови на Комисијата за следење на примената на Етичкиот кодекс се:
–    Билјана Стојановска
–    Весна Доброхотова
–    Берат Мехмеди

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM