УСЛОВИ ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ


Член на Здружението може да биде: физичко лице кое е државјанин на Република Македонија, да е дипломиран правник или правник, уредно и навреме да ја плаќа чланарината и да е постојано населен на територијата на нашата држава.
Зачленувањето во Здружението е со потпишување на изјава дека
пристапува во Здружението и уплата за истата.

За евиденцијата на членовите на Здружението се грижи извршниот директор на Здружението.

Членовите на Здружението можат во секое време да истапат од него, со давање на изјава. Членството во Здружението може да престане и ако подолг период од 6 месеци не го плати членскиот придонес или не го почитува ЕТИЧКИОТ КОДЕКС.

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM