Почитувани членови на Здружението на правници на РС Македонија, почитувани колеги, драги пријатели,
Ни претставува особена чест да ја најавиме 89та Средба на правниците на Македонија, што ќе се одржи од 15 до 17 мај 2025 година во хотел Гранит во Охрид.
Сакајќи постојано да бидеме во тренд со тековните случувања во државата, идентификувавме повеќе теми за кои сметаме дека ќе претставуваат предизвик за ваше учество на Средбата.
Така, ќе дискутираме и дебатираме за:
- уредувањето на картелското здружување од аспект на правото на конкуренција;
- казнената политика на судовите во РС Македонија;
- compliance функцијата (функција за усогласеност) и методологијата за нејзина имплементација како дел од системот на добро корпоративно управување;
- надоместот на штета кај сообраќајни незгоди со странски елемент;
- даночните избегнувања и новите алатки за борба против фиктивните правни аранжмани;
- вработување, напредување и престанок на работниот однос низ призмата на актуелните македонски предизвици и
- македонските состојби во споредба со современите трендови на управување со јавните претпријатија.
Поканивме врвни експерти од академската сфера и од практиката како воведничари во наведените теми, но подетално за се’ во објавите што ќе следат.
Поздрав и ве молиме не заборавајте и резервирајте го терминот од 15 до 17 мај за (не)формално дружење во преубавиот Охрид.
Претседател на Здружението.
Проф. д-р Горан Коевски