Формирани 10 локални мрежи за поддршка на политики и услугите на мигрантите

Oд 19ти до 21ви септември во Белград, Србија се одржа првиот регионален состанок на претставниците на 10 локални мрежи во Македонија и Србија. Локалните мрежи се наменети за поддршка на политките и услугите за мигрантите во 9 града и тоа: Скопје, Куманово, Гевгелија, Прешево, Врање, Белград, Шид, Суботица и Сремска Митровица. Овие мрежи во наредниот период ќе имаат задача да вршат мониторинг на политики и услугите на локално ниво. Членовите на мрежите се претставници на институции, центри за социјална работа, образовни центри, невладини организации и агенции за вработување.

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM