ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од 91-ва Средба на правниците, која ќе се одржи во Хотелскиот комплекс „Метропол“, Охрид од 23 до 25 април 2026 година.
Средбата има за цел да ги обедини правниците од различни области, како и да отвори простор за дискусија на актуелни правни прашања. Покрај формалниот дел, Ви ветуваме добра дружба и забава.
Агендата за престојната, 91-ва Средба на правниците може да ја погледнете во продолжение:
23 април 2026 (четврток)
10:00 – 11:00, Регистрација на учесници
11:00 – 11:15, Обраќање на претседателот на Здружението на правници на РС Македонија, проф. д-р Горан Коевски
11:15 – 12:30 ч., тема: Сејф сити: превенција на сообраќајната деликвенција или дисциплинирано општество, проф. д-р Алекасандра Деаноска Трендафилова, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Александра Груевска Дракуловски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Снежана Петровиќ Арсовска, советничка во кабинетот на министерот за внатрешни работи во Владата на РС Македонија
12:30 – 12:45 ч., Дискусија и прашања
12:45 – 13:15 ч., Пауза
13:15- 14:15, тема: Примена на Законот за управните спорови развој и предизвици со посебен осврт на одлучување во спор на полна јурисдикција, д-р Субхи Јакупи, судија на Виш управен суд и Светлана Костова, судија на Виш управен суд
14:15 – 14:45 ч., Дискусија и прашања
14:45 – 16:00, Пауза за ручек
16:00 – 17:00 ч., тема: Интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство, д-р Дарко Костадиновски, Претседателот на Уставниот суд на РС Македонија и проф. Ана Павловска Данева, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, УКИМ и судија на уставниот суд на РСМ
17:00 – 17:30 ч., Дискусија и прашања
20:00 ч., Свечена вечера и забава во хотелот со групата „MOODFELLAS“
24 април 2026 (петок)
10:30 – 11:30 ч., тема: Од обезбедување до наплата: правни аспекти на заложното право и извршувањето, м-р Александар Шопов, судија во Апелационен суд Скопје и Наталија Донева, судија во Апелационен суд Скопје
11:30 – 12:00 ч., Дискусија и прашања
12:00 – 12:30 ч., Пауза
12:30 – 13:30 ч., тема: „Соработката помеѓу судовите и Центрите за социјална работа во постапките за доверување на деца на чување и воспитување“, Мери Гичева, судија во Основен суд Штип и Енвер Каришик, Раководител на Служба за старателство, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи
13:30 – 14:00 ч. Дискусија и прашања
14:00 – 15:30 ч., Пауза за ручек
15:30 – 16:30 ч., тема: Антикорупциска рамка за јавните претпријатија – транспарентност и одговорност во работењето, од јавен интерес до дискреција при селекција на органи на управување и надзор, г-дин Адем Чучуљ, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата на РСМ
16:30 – 17:00 ч. Дискусија и прашања
21:00 ч., Дружба во „SU Hotel“
25 април 2026 (сабота)
10:00 – 11:00 ч., тема: Престанок на работен однос и дисциплинска постапка – законска рамка, судска пракса и практични дилеми, м-р Александра Палашевска, судија на Основен граѓански суд Скопје
11:00 – 11:30 ч., Дискусија и прашања
11:30 – Одјавување од хотел и заминување на учесниците
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект што ќе го врши плаќањето.
Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.
Износот за котизација на претстојната 91-ва Средба на правници ќе изнесува 5.400,00 денари + 18% ДДВ за претплатниците на „Правник“ и редовните членови на Здружение на правници на РС Македонија (членарината се однесува за сите оние кои имаат уплатено за тековната 2026 година) и 6.000,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За млади правници до 26 години котизацијата е 4.000,00 денари + 18% ДДВ.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
- 5% попуст за 3 пријавени учесници
- 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
- 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
- За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации
Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 20.04.2026 година.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол, Охрид.
Т: +389 (0)46 203 001
Ф: +389 (0)46 277 212
sales@metropol-ohrid.com.mk
www.metropol-ohrid.com.mk
| Хотел | Тип на соба | Ноќевање со појадок | Полу пансион | Полн пансион |
| Метропол Белви **** | Еднокреветна | 66€ 4.060мкд | 77€ 4.740 мкд | 90€ 5.540мкд |
| Двокреветна | 86€ 5.290мкд | 112€ 6.890мкд | 140€ 8.610мкд | |
| Трокреветна | 124€ 7.630мкд | 150€ 9.220мкд | 185€ 11.380мкд |
Цените се по соба, со вклучена туристичка такса и ДДВ.
Сите оброци се послужуваат на шведска маса; Дополнителен оброк ручек или вечера по цена од 980мкд по лице.
Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.
Со почит,
Здружение на правниците на Република Северна Македонија
Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски



