ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДРЖАНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИТЕ НА РМ
на 03.05.2018

Како што беше објавено, на 03.05.2018 година, во 17 часот, во просториите на Здружението, се одржа ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИТЕ НА РМ. Согласно Статутот на Здружението и усвоениот Дневен ред, на седницата на Собранието беше:
1. Усвоен Извештајот за работа на Здружението на правниците на РМ за 2017 година, кој ќе биде објавен на веб страната на Здружението;
2. Усвоен Финансискиот извештај за работа на Здружението на правниците на РМ за 2017 година, кој ќе биде објавен на веб страната на Здружението;
3. Донесена Програмата за работа на Здружението на правниците на РМ за 2018 година;
4. Донесен Финансискиот план на Здружението на правниците на РМ за 2018 година;
5. Усвоена оставката на претседателот на Здружението на правниците на РМ, доц. д-р Валентина Анѓелкоска;
6. Извршен избор на Стевица Јосифовски за претседател на Здружението на правниците на РМ.

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM