Почитувани колеги и пријатели на Здружението на правници на РС Македонија,
Ве потсетуваме дека 90та Средба на правници ќе се одржи од 6 – 8 ноември 2025 г. во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид.
Се обидовме да идентификуваме теми што се доволно актуелни да го привлечат вашето внимание. Така, помеѓу останатото, ќе дискутираме за:
- Новите законски обврски за кибер безбедност – нивна имплементација во институциите и компаниите, со акцент на заштита на човековите права
- Анализа на новиот граѓанскоправен модел на одземање на имот без кривична осуда;
- Јавно-правни и приватно-правни ограничувања на правото на сопственост
- Дилемата дали да се биде или не државен службеник по донесувањето на новиот пакет закони за јавната администрација во Македонија
- Граѓанско – правна одговорност од употребата на алатките од вештачката интелигенција
- Договорот за градење според ЗОО и употребата во пракса на типски договори за градење (со осврт на FIDIC)
- Побивање на правни дејства во стечај
- Дигитална трансформација во јавните набавки – предизвици и можности
Доколку во меѓувреме искрсне тема што би била тековен предизвик за правничката фела, ќе се обидеме да ја презентираме преку релевантен стручњак.
Конкретните теми и излагачи ќе следат во наредните објави од Здружението.
Се надеваме дека ќе најдете време да дојдете и дека убаво ќе се подружиме во ноември во Охрид.
Со колегијален поздрав,
Проф. д-р Горан Коевски
Претседател на Здружението



