Почитувани членови, колеги и пријатели на Здружението на правници на РС Македонија,
Ви ги најавуваме темите и предвидените излагачи за престојната, јубилејна 90-та Средба на правниците.
тема 1: Граѓанско – правна одговорност од употребата на алатките од вештачката интелигенција, проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ и судија на Уставнот суд на РСМ и Љубица Колиќ судија од Основниот граѓански суд Скопје
тема 2:Confiscatio in rem: Анализа на новиот граѓанскоправен модел на одземање на имот без кривична осуда – проф. д-р Татјана Зороска Камилоска, Правен факултет при УКИМ во Скопје и проф. д-р Милка Ракочевиќ Правен факултет при УКИМ во Скопје
тема 3: Јавно-правни и приватно-правни ограничување на правото на сопственост– проф. д-р Родна Живковска, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Скопје, во пензија
тема 4: Побивање на правни дејства во стечај – м-р Артан Лимани, судија од Апелациониот суд во Скопје
тема 5: „Новите законски обврски за кибер безбедност: меѓу имплементацијата во институции и компании, заштитата на човековите права и европската судска пракса“, Севдали Селмани, Раководител на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, Агенција за електронски комуникации (АЕК)
тема 6: Актуелни трендови и предизвици во постапките за јавни набавки во Македонија, – д-р Маре Богева Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки
тема 7: Договор за градење по ЗОО и употреба на типски договори за градење (со осврт на FIDIC) при примена на македонското законодавство како применливи право на договорот, Марија Шеќероска и д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје
тема 8: „Да се биде или не државен службеник: нов пакет закони за јавната администрација во Македонија“, проф. д-р Ана Павловска Данева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ и судија на Уставнот суд на РСМ.
Ве покануваме во Охрид, да бидете дел од овој настан, да споделиме знаење, искуство и идеји.
Со колегијален поздрав,
проф. д-р Горан Коевски
Претседател на Здружението