Почитувани, 

Ни претставува големо задоволство да ве поканиме да присуствувате на 84-та Средба на правници, што ќе се одржи од  27-ми октомври до 29-ти октомври 2022 година во хотел Метропол – Охрид.

На оваа Средба, на дневен ред е широк спектар на актуелни теми од различни области на правото.

Првиот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:

Габриела Гајдова, судија во Основен суд – Велес, Ненад Савески, судија во Основен Кривичен суд – Скопје, Марјан Коцевски, нотар, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, професор на Градежен факултет – УКИМ Скопје, проф. д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, професор на Градежен факултет – УКИМ Скопје и  м-р.Сања Ристовска, дипломиран геодетски инженер

Вториот ден од Средбата ќе започне со излагања на следните предавачи:

Проф. д-р Марко Андонов, декан на факлултетот за правни науки при УАКС, м-р Оливер Гашев, адвокат, Јасмина Пршевска Илиевска, раководител на одделение за правни работи и Лилјана Аксенова Попова,  раководител на одделение за наплата на долговите  во Дирекцијата за големи даночни обврзници, Управа за јавни приходи и м-р Миљазим Мустафа, член на Судски совет на РСМ

Последниот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:

Проф. д-р Јадранка Дабовиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ Скопје и  м-р Антоанета Димовска, судија во Основен граѓански суд – Скопје

*Важно: Агендата е во обработка, можни се дополнителни измени.

Агендата за 84-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк.

Пријавата за учество можете да ја направите на следниот линк.

Пријавувањето исто така можете да го направите и на официјалниот емаил на Здружението на правници mla@mla.org.mk.

Износот за котизација на претстојната 84 – та Средба на правници е 4.490,00 + 18% ДДВ за претплатници и членови на Здружението на правници на РСМ и 4.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.

За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:

– повеќе од три учесници:  5% попуст на котизација

– повеќе од пет учесници: 10% попуст на котизација

Сите пријави за учество кои ќе бидат испратени до 14.10.2022 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.

Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол – Охрид.

Со почит,

Здружение на правници на Република Северна Македонија

Претседател

Стевица Јосифовски

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM