ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ

 

Почитувани членови на Здружението на правниците на Република Северна Македонија (ЗПРСМ), почитувани членови на надзорниот и управниот одбор на ЗПРСМ,

Врз основа на членовите 20 и 21 од Статутот на ЗПРСМ го свикувам Годишното собрание на ЗПРСМ и го предлагам следниот

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Избор на Претседател на ЗПРСМ. За Претседател на ЗПРСМ се предлага проф. д-р Горан Коевски, со мандат од 4 години и
  2. Разно.

 

Седницата на Собранието ќе се одржи во просториите на Здружението, на 18-ти мај 2023 година (четврток), со почеток во 12:00 часот.

Членовите кои заради спреченост, лично не се во можност физички да присуствуваат на Седницата, може да гласаат по електронски пат на е-мајл адресата mla@mla.org.mk

Учеството на Собранието се пријавува на телефонскиот број  +389 70310188, лице за контакт Анастасија Периќ Костадиновска или на е-мејл адресата на Здружението mla@mla.org.mk.

Пријавувањето за учество на Собранието е најдоцна до 17-ти мај 2023 година (среда) до 12:00 часот.

Потребната документација ќе биде испратена по електронски пат до сите активни членови, пријавени за учество на гласањето на Годишното Собрание.

Одлуката за избор на Претседател на ЗПРСМ ќе биде со одложена примена, почнувајќи од 12.6.2023 година.

 

Со почит,

Здружение на правници на РСМ

Претседател

Стевица Јосифовски

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM