Eднодневно советување: КОЛЕКТИВНА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА – СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ

Почитувани,

Здружението на правници на Република Северна Македонија ве поканува на практично еднодневно советување на тема: КОЛЕКТИВНА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА – СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ –

Еднодневното советување ќе се одржи на 19.03.2024 година (Среда) во Солун Хотел и Спа, Скопје со почеток во 12 часот.

Во прилог ви ја доследуваме агендата и предавачите.

Говорници:

проф. д-р Татјана Зороска – Камиловска

д-р Татјана Штерјова – Душковска

д-р Горан Нациќ

1. Колку македoнскиот правен систем во моментов може да одговори на потребите на колективна заштита на правата?

  • Видови права што се заштитуваат во стандардна парница 
  • Стандардната парница и т.н mass harm situations (пр. случајот ЕВН)
  • Потреба од механизми за ефикасна колективна заштита на правата (области на примена: потрошувачко право, антидискриминациско право, еколошко право и др.)
  • Постапки за колективна заштита на правата в. постапката за заштита на колективни права

2. Што нудат компаративните правни системи на планот на колективната заштита на правата?

  • Постапки за колективна заштита на правата (ген поим collective actions, collective redress, group actions, class actions)
  • Модели (opt-out, opt-in, претставничка тужба, тест постапка)
  • Осврт на компаративното право и искуства, со фокус на правото/ државите на ЕУ
  • Осврт на случаи од компаративната практика (случајот Dieselgate, случајот Maximilian Schrems v. Facebook Ireland Ltd, случајот Франак и др)

3. Што треба да се направи во македонскиот правен систем?

  • Досегашни активности и законско регулирање
  • Колективната заштита во Предлог- законот за донесување на нов ЗПП од 2021
  • Оценка на подготвенота на системот за воведување колективна заштита на правата
  • Осврт на бенефитот од воведување на постапка за колективна заштита на правата и процесирање на случаи во вакви постапки (конкретен случај)

Пријавувањето за учеството е на меил: mla@mla.org.mk

Цената за учеството на советувањето за едно лице е:

  • 3.899.00 денари + 18% ддв за претплатници на Правник и членови на ЗПРСМ
  • 4,289.00 денари + 18% ддв за сите останати учесници.

За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува попуст од 10%, за 4 учесници -15% попуст, додека за 5 и повеќе учесници -20% попуст.

Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија

Scroll to Top