ПОКАНА ЗА 90-ТА СРЕДБА НА ПРАВНИЦИТЕ

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од јубилејната, 90-та Средба на правниците, која ќе се одржи во Хотелскиот комплекс „Метропол“, Охрид од 6 до 8 ноември 2025 година.

Средбата има за цел да ги обедини правниците од различни области, како и  да отвори простор за дискусија на актуелни правни прашања. Покрај формалниот дел, Ви ветуваме добра дружба и забава.

Агендата за престојната, 90-та Средба на правниците може да ја погледнете во продолжение:

6 ноември 2025 (четврток)

10:00 – 11:00, Регистрација на учесници

11:00 – 11:15, Обраќање на претседателот на Здружението на правници на РС Македонија, проф. д-р Горан Коевски

11:15-11:30 Обраќање на м-р Игор Филков, Министер за правда во Владата на РС Македонија

11:30 – 12:30 ч., тема: Граѓанско – правна одговорност од употребата на алатките од вештачката интелигенција, проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ и судија на Уставнот суд на РСМ и д-р Валентин Пепељугоски, адвокат од Скопје

12:30 – 12:45 ч., Дискусија и прашања

12:45 – 13:15 ч., Пауза

13:15- 14:15, тема: Confiscatio in rem: Анализа на новиот граѓанскоправен модел на одземање на имот без кривична осуда – проф. д-р Татјана Зороска Камилоска, Правен факултет при УКИМ во Скопје и проф. д-р Милка Ракочевиќ Правен факултет при УКИМ во Скопје

14:15 – 14:45 ч., Дискусија и прашања

14:45 – 16:00, Пауза за ручек

16:00 – 16:45 ч., тема: Јавно-правни и приватно-правни ограничувања на правото на сопственост– проф. д-р Родна Живковска, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Скопје, во пензија

16:45 – 17:00 ч., Дискусија и прашања

17:00 – 17:45 ч., тема: Побивање на правни дејства во стечај – м-р Артан Лимани, судија од Апелациониот суд во Скопје

17:45 – 18:00 ч., Дискусија и прашања

20:00 ч., Свечена вечера и дружба во хотелот

7 ноември 2025 (петок)

10:30 – 11:30 ч., тема: „Новите законски обврски за кибер безбедност: меѓу имплементацијата во институции и компании, заштитата на човековите права и европската судска пракса“, Севдали Селмани, Раководител на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, Агенција за електронски комуникации (АЕК)

11:30 – 12:00 ч., Дискусија и прашања

12:00 – 12:30 ч., Пауза

12:30 – 13:30 ч., тема: Актуелни трендови и предизвици во постапките за јавни набавки во Македонија,  – д-р Маре Богева Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки

13:30 – 14:00 ч. Дискусија и прашања

14:00 – 15:30 ч., Пауза

15:30 – 16:30 ч., тема: Договор за градење по ЗОО и употреба на типски договори за градење (со осврт на FIDIC) при примена на македонското законодавство како применливи право на договорот, Марија Шеќероска, Раководител на сектор за правни работи во Гранит АД Скопје и д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје

16:30 – 17:00 ч. Дискусија и прашања

21:00 ч.,  Дружба во Tino’s Pub

8 ноември 2025 (сабота)

10:00 – 11:00 ч., тема: „Да се биде или не државен службеник: нов пакет закони за јавната администрација во Македонија“, проф. д-р Ана Павловска Данева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ и судија на Уставнот суд на РСМ

11:00 – 11:30 ч., Дискусија и прашања

11:30 – Одјавување од хотел и заминување на учесниците

Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект што ќе го врши плаќањето.

Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.

Имајќи во предвид дека станува збор за јубилејна средба, износот за котизација на претстојната 90-та Средба на правници ќе биде понизок од предходните и ќе изнесува 5.500 денари + 18% ДДВ.

За млади правници до 26 години котизацијата е 4000,00 денари + 18% ДДВ.

 За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:

  • 5% попуст за 3 пријавени учесници
  • 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
  • 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
  • За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации

Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 03.11.2025 година.

Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол, Охрид.

Т: +389 (0)46 203 001
Ф: +389 (0)46 277 212
sales@metropol-ohrid.com.mk
www.metropol-ohrid.com.mk

ХОТЕЛТип на собаПолу пансионПолн пансион
Метропол Белви 4*Еднокреветна72€87€
 Двокреветна100€132€
 Трокреветна135€180€
  • Цените се по соба, со вклучена туристичка такса и ДДВ.
  • Сите оброци се послужуваат на шведска маса; Дополнителен оброк ручек или вечера по цена од 980мкд по лице.

Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.

Со почит,

Здружение на правниците на Република Северна Македонија

Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски

Scroll to Top