Здружението на правници на Република Северна Македонија
Ве поканува на практично еднодневно советување на тема:
„ИСТРАГА, ПИ МЕРКИ – АКТУЕЛНОСТ И ПРЕДИЗВИЦИ“
►Право на одбраната во предистражна и истражна постапка- еднаквост на оружјата
►ПИ-Мерки во ЗКП, причини за нивно прифаќање односно неприфаќање, статус и предизвици
►Надомест на штета за неоснован притвор
Советувањето ќе се одржи на 13.11.2020 год. (петок) во хотел Белви, Скопје со почеток во 9:00 часот
Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на оваа покана.
Предавачи на ова советување се:
– Габриела Гајдова, судија во Основен суд – Велес
– Вилма Русковска, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
– Никола Главинче, адвокат
Пријавувањето за учество на еднодневното советување започнува на 26.10.2020 год. (понеделник) и трае најдоцна до 12.11.2020 год. (четврток) на телефон 02/3131-084 или на меил: mla@mla.org.mk. Бројот е ограничен на 40 учесници.
При пријавувањето наведете: име, презиме, адреса за е-пошта и телефон на учесникот/чката и име и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Агендата и деталите во однос на Еднодневното советување Ви се достапни на следниот линк.
Цената за учество на советувањето за едно лице е:
– 3.000,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник“ и членови на ЗПРСМ и
– 3.500,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.
Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество и кафе пауза со закуска.
За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска со оваа покана за учество на практичното советување, Ве молиме, контактирајте нè на наведените телефони и емаил адреса.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Share This