Почитувани,
Дали некогаш сте се прашале зошто повеќето конференции зад себе оставаат чувство на разочараност, незадоволство и досада?
Како ко-организатори на овогодинешната Правна конференција – Здружение на правници и АЦТ! ДОО, конференцијата ја подготвувавме имајќи го на ум правниот практичар за кој цениме дека би сакал да слушне и дознае кои се најактуелните прашања во различни правни области. Така и ја концепиравме агендата!
Чест ни е да ве поканиме на ПРАВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА 08-10 ЈУНИ, ХОТЕЛ МЕТРОПОЛ, ОХРИД, на која вие и вашите потреби за правно знаење се на прво место.
Нема да ви досадуваме со тоа колку е долга листата на деловни успеси на ко-организаторите, колкава е вредноста на нашето искуство во организирањето едукативни настани или колку бевме внимателни во одбирањето на теми и предавачи за овогодинешната конференција.
Наместо тоа, ќе ви презентираме каква предност ќе имате пред другите правни практичари кои не посетуваат стручни едукативни настани и не ѝ придаваат значење на континуираната стручна едукација.
Еве кои се предностите од континуираната стручна едукација:
✅ Неспоредливи можности за вмрежување: Поврзете се со врвните правни професионалци и формирајте партнерства за подобрување на вашата кариера, како и комуникација за различни предизвици во работата.
✅ Навремено информирани: Останете еден чекор пред другите со динамични, интерактивни сесии кои ќе ви обезбедат запознавање за најновите правни трендови и актуелности oд област на заштита на лични податоци, кривично, потрошувачко, енергетско, финансиско право…
✅ Практични аспекти: Учете од најдобрите! Внимателно селектираните предавачи ќе споделат искуства од реалниот свет и насоки за максимизирање на вредноста на вашата правна пракса.
✅ Бонус работилница: Продлабочете го знаењето од област на заштита на личните податоци. Проверете го постоечкиот систем или научете како да создадете нов систем на заштита на лични податоци, дознајте кои се елементите на супервизија за заштита на лични податоци, вклучувајќи и како да вршите внатрешни контроли како офицери за заштита на лични податоци.
✅ Забава по работното време: Опуштете се, инспирирајте се, воспоставете мрежа од контакти запознавајќи ги колегите на конференциска забава во Harbor Club во Охрид.
И сето ова на тридневна правна конференција?
Кликнете на линкот подолу и бидете меѓу првите кои ќе ја откријат магијата на правните конференции и значајноста на континуираната стручна едукација! Веруваме дека конференцијата ќе ги остави дури и најискусните правни практичари без зборови.
Кликнете тука и искусете ја разликата што може да ја направи вистинската конференција!
Ви посакуваме успешна работа и се гледаме на конференцијата,
Тимот на Правната конференција 2023
Share This