Поттикнати од идејата дека знаењето е повредно кога ќе се сподели, инспирирани од средбите на правниците како места за меѓусебно запознавање, уверени дека теоријата е безгласна без праксата, уважувајќи ги сите правни професии и водени од страста за правото, ко-организаторите Здружение на правници и АЦТ! ДОО Скопје, Ве покануваат на 85-та Средба на правниците во ново руво како

ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

08-10 јуни 2023 год., хотел Метропол, Охрид

Предизвиците со кои се соочи светот како последица на пост-пандемиските околности, енергетската криза, инфлацијата и општата неповолна економска и политичка состојба, не ги заобиколија ниту правните професии и уште еднаш ја истакнаа потребата од континуирана едукација, вмрежување и размена на добрите примери од пракса.

Нашата цел е да ги собереме правните практичари на оваа конференција, да ги споделиме искуствата и насоките за употребна вредност на правото чинејќи ја примената на правото ефикасна, достапна и квалитетна.

Ве покануваме да бидете дел од оваа Правна конференција на која преку динамични, интерактивни сесии, со бонус работилница за заштита на личните податоци и во современ аудиовизуелен амбиент ќе имате можност да ги проследите предавањата кои ќе Ве запознаат со последните актуелности во повеќе правни области.

Запознајте ги колегите и останете во тек со актуелните теми и трендови во правото!

КОТИЗАЦИЈА И ПРИЈАВУВАЊЕ

Цената за учество на тридневната конференција е 7.990 МКД + 18% ДДВ за едно лице.

Цената за учество на тридневната конференција за членови на Здружението на правници, претплатници на списанието Правник и е-базата на прописи, преводи и пресуди Праксис е 6.990 МКД + 18% ДДВ за едно лице.

Сите учесници кои ќе се пријават за учество на конференцијата добиваат бесплатна котизација за учество на работилницата за заштита на лични податоци.

Цената за учество само на работилницата за заштита на лични податоци е 6.990 МКД + 18% ДДВ за едно лице.

 

Во цената е вклучено: учество на правната конференција и/или на работилницата за заштита на лични податоци, работни материјали, материјали од конференцијата и/или работилницата во е-форма, симултан превод од англиски на македонски јазик и обратно, влезница за забава и сертификат за учество.

Дополнителни попусти за пријавени повеќе учесници од ист правен субјект:

  • -5% попуст за 3 пријавени учесници
  • -10% попуст за пријавени 4-6 учесници
  • -15% попуст за пријавени 7-9 учесници
  • За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации!

 

🔍 Информации за конференцијата и лица за контакт: Анастасија Периќ (070/310-188) и Софија Христовска (075/227-126).

📧 Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk и obuki@act.com.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/-чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.

🧳 Резервациите за хотелско сместување се прават директно во хотел Метропол, Охрид.

🗓️ Деталната агенда за тридневната конференција и работилницата за заштита на лични податоци ви е достапна на следниот линк.

Ко-организаторите го задржуваат правото да направат одредени промени во агендата.

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM