ЕДНОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на еднодневно советување, кое ќе се одржи на ден 05.12.2023 година во хотел Мериот,Скопје.
Притоа, на ова Еднодневно советување ќе бидат опфатени следните теми:
Тема 1: „Спорни правни прашања поврзани со засновување, вршење, извршување и регистрација на стварни права врз недвижности. Фокус се недвижностите како објекти“. Оваа тема би ги опфатила овие подрачја:
- правни дилеми околу засновување, регистрација, извршување и вредносна проценка на стварните права врз недвижности кои имаат статус на заедничка и неделива сопственост (овде се сите сложени животни ситуации поврзани со земјишта под згради, земјишта околу згради, скалила, лифтови, ходници, начин на нивно користење, регистрација, присилна продажба, вредносна проценка и сл.). На крај, предлог решение дека потребно е во овој дел да се усогласиме со модерните решенија од европските земји каде овој тип на недвижности кои се заеднички ја пратат главната ствар (станот во зградата) како прирасток/припадок (in rem), а не сопственикот на станот како субјект.
- правни дилеми околу реализацијата (извршување) и проценка на стварни права врз недвижности во градба (овде се сите сложени животни ситуации поврзани со чл.205-а од ЗИ) и можноста во тек на градба инсолвентниот инвеститор да биде заменет со друг.
- правни дилеми околу реализацијата (извршување) и проценка на стварни права кои останале незапишани (овде се сите сложени животни ситуации поврзани со чл.239-а од ЗИ) и можноста доградбите и надградбите да бидат предмет на извршување.
Тема 2: „Концептот на 3Д сопственост и современите предизвици на правото на стварна службеност (колизија на права помеѓу објектите „под“ земја и објектите „над земја“). Фокус се сложените правни ситуации каде под земја поминуваат линиски инфраструктурни водови во форма на продуктоводи, оптички траси, канали и сл“. Оваа тема би ги опфатила овие подрачја:
- просторно дефинирање на границите на правото на сопственост според постоечкиот модел и потребата од воведување на 3Д парцела како правна категорија,
- сложени правни ситуации каде во рамки на иста вертикала под земја и над земја се регистрирани два или повеќе објекти на кои сопственици се различни субјекти.
Правните аспекти на засновувањето, вршењето и извршувањето на стварните права врз недвижности, како и теоретскиот концепт на 3Д катастар ќе биде покриен од д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје
и
Регистрацијата на стварните права во јавните книги, проценката на недвижности и практичните аспекти на 3Д катастарот ќе бидат покриени од проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Градежниот факултет, катедра по геодезија, насока современ катастар и регистрација на права врз недвижности, при УКИМ – Скопје
Пријавувањето за учество на еднодневното советување започнува денес на 16.11.2023 год. (четврток) и трае најдоцна до 01.12.2023 год. (петок).
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/-чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Агендата ви е достапна на следниот линк
Цената за учество на советувањето за едно лице е:
– 3.899,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник“ и членови на ЗПРСМ и
– 4.299,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.
Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на оваа покана.
Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: материјали во електронска верзија, сертификат за учество и кафе пауза.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Share This