Почитувани,
Ни претставува големо задоволство да ве поканиме да присуствувате на 84-та Средба на правници, што ќе се одржи од 27-ми октомври до 29-ти октомври 2022 година во хотел Метропол – Охрид.
На оваа Средба, на дневен ред е широк спектар на актуелни теми од различни области на правото.
Првиот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Габриела Гајдова, судија во Основен суд – Велес, Ненад Савески, судија во Основен Кривичен суд – Скопје, Марјан Коцевски, нотар, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, професор на Градежен факултет – УКИМ Скопје, проф. д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, професор на Градежен факултет – УКИМ Скопје и м-р.Сања Ристовска, дипломиран геодетски инженер
Вториот ден од Средбата ќе започне со излагања на следните предавачи:
Проф. д-р Марко Андонов, декан на факлултетот за правни науки при УАКС, м-р Оливер Гашев, адвокат, Јасмина Пршевска Илиевска, раководител на одделение за правни работи и Лилјана Аксенова Попова, раководител на одделение за наплата на долговите во Дирекцијата за големи даночни обврзници, Управа за јавни приходи и м-р Миљазим Мустафа, член на Судски совет на РСМ
Последниот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Проф. д-р Јадранка Дабовиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ Скопје и м-р Антоанета Димовска, судија во Основен граѓански суд – Скопје
*Важно: Агендата е во обработка, можни се дополнителни измени.
Агендата за 84-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк.
Пријавата за учество можете да ја направите на следниот линк.
Пријавувањето исто така можете да го направите и на официјалниот емаил на Здружението на правници mla@mla.org.mk.
Износот за котизација на претстојната 84 – та Средба на правници е 4.490,00 + 18% ДДВ за претплатници и членови на Здружението на правници на РСМ и 4.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
– повеќе од три учесници: 5% попуст на котизација
– повеќе од пет учесници: 10% попуст на котизација
Сите пријави за учество кои ќе бидат испратени до 14.10.2022 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол – Охрид.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Претседател
Стевица Јосифовски
Share This