Со задоволство ја најавуваме 85-та Средба на правниците на Здружение на правниците на Република Северна Македонија ко-организирана со АЦТ! ДОО Скопје во ново руво и ве покануваме на претстојната

ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

која ќе се одржи од 08-10 јуни 2023 год. во хотел Метропол, Охрид

Забележете ги датумите во календарот бидејќи нема да сакате да ја пропуштите овогодинешната конференција на која преку динамични, интерактивни сесии и во современ аудиовизуелен амбиент ќе имате можност да ги проследите предавањата од еминентни домашни и странски предавачи кои ќе ве запознаат со последните актуелности во повеќе правни области, меѓу кои: заштита на лични податоци, потрошувачко право, граѓанско-процесно право, енергетско право, финансиско право, кривично право, јавно-приватно партнерство, итн.

За да ви ја доставиме официјалната покана, ве молиме испратете ни ја вашата е-меил адреса во порака или пишете ни на obuki@act.com.mk и mla@mla.org.mk 📩

Запознајте ги колегите и останете во тек со актуелните теми и трендови во правото!

Наскоро повеќе детали…

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM