86 – та СРЕДБА НА ПРАВНИЦИ
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 86-та Средба на правници на Здружение на правници на Република Северна Македонија, која ќе се одржи од 02 до 04 ноември 2023 година во хотел Метропол, Охрид.
Притоа, ви го најавуваме широкиот спектар на моментално актуелните теми од различни правни области:
- Измените на Законот за облигациони односи од јули 2023 г. и предизвиците од нивната имплементација (споредбено-правни аспекти, проблеми во досегашната примена).
- Измените на Кривичниот законик од септември 2023 г. (споредбено-правни аспекти, проблеми во досегашната примена)
- Легалитетот наспрема легитимитетот на судскиот совет во македонскиот правосуден систем
- Ветингот како правен механиам за прочистување на државните институции од некомпетентни и корумпирани кадри
- Сличности и разлики помеѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ
- Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот
- Предложени новини во уредувањето на индустријата за хартии од вредност (финансиски инструменти, проспект, транспарентност)
- Предложени новини во уредувањето на трговските друштва (транспонирање на ЕУ компаниското право во македонското право на трговските друштва)
Агендата за 86-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/-чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.
Износот за котизација на претстојната 86 – та Средба на правници е 6.990,00 + 18% ДДВ за претплатници на Правник и редовни членови на Здружението на правници на РСМ (членарината се однесува за сите оние кои имаат уплатено за тековната 2023 година) и 7.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
- 5% попуст за 3 пријавени учесници
- 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
- 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
- За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации
Сите оние кои ќе се пријават до 13.10.2023 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.
Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 31.10.2023 година.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол.
Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Претседател
Проф. д-р Горан Коевски
Share This