Почитувани,

Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 87-та Средба на правници во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија, што ќе се одржи од 9-11 мај 2024 година во хотел Дрим, Струга.

Притоа, ви го најавуваме широкиот спектар на моментално актуелните теми од различни правни области:

  • Новините во право на конкуренција од аспект на нефер трговски практики и надомест на штета;
  • Казнената одговорност на правните лица во македонско законодавство de lege lata и de lege ferenda, каков ризик за перење пари носат различните облици на правни лица и кои се релевантните правни аспекти поврзани со користењето на крипто-средатва;
  • Статусот на доверител во стечајната постапка (практични прашања, проблеми и дилеми);
  • Даночни аспекти на статусните промени и ревизија на спогодба, односно на план за поделба при статусни промени;
  • Нотарски исправи со извршна клаузула – отворени прашања и дилеми на патот до брзото и ефикасно извршување на договорните обврски;
  • Заштита од вознемирување на работно место;
  • Улогата на Државниот инспекторат за труд во заштитата на правата на работниците;

 

Подетални информации околу агендата и котизацијата за учество, очекувајте наскоро!

 

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM