Еднодневна работилница – Од теорија до пракса: FIDIC договори во инфраструктурните проекти

Почитувани членови и пријатели на Здружението на правници на РС Македонија, 

Ја најавуваме нашата намера да организираме еднодневен настан, работилница на тема: „Од теорија до пракса: FIDIC договори во инфраструктурните проекти“, која би се одржала во Скопје на 21.05.2026 година (четврток). 

Имајќи го во предвид значењето и најавениот зголемен интензитет на реализација на инфраструктурни проекти во Македонија, очекуваме еднодневната работилница да понуди сеопфатен и практично ориентиран преглед на клучните аспекти од примената на ФИДИК договорите, како стандардизиран тип на меѓународни договори.   

Би сакале да направиме поврзување помеѓу правото и градежништвото, првенствено со цел да се приближи практичната примена на ФИДИК договорите и да се унапреди меѓусебното разбирање помеѓу сите засегнати страни (инвеститорите, изведувачите, надзорот, адвокатите и други). 

За оваа цел, се предвидува да се поканат врвни говорници, искусни практичари со експертиза во различни професии вклучени во процесот. 

Во рамки на работилницата, покрај на општите и посебните услови на ФИДИК договорите, посебен акцент ќе се стави на управување со побарувањата (claims), варијации/измени во договорот и ризици кои се јавуваат во текот на изведбата. 

Секако, посебно внимание ќе се посвети и на превенцијата и на спречувањето на спорови како и нивно решавање, улогата на Одборот за решавање спорови/Одборот за избегнување и решавање спорови (DAB/DAAB), донесување и спроведување на нивните одлуки, како и можна арбитражна постапка.  

По завршување на работилница, секој од учесниците ќе се стекне со сертификат за успешно учество на работилницата. 

Котизацијата за учество би била 4.000,оо денари плус ДДВ за членови на Здружението и 4.400,оо денари плус ДДВ за останати. 

Во интерес на поуспешно организирање, би сакале да спроведеме анонимно електронско изјаснување во кое потенцијалните учесници би изразиле интерес за учество на работилницата. 

Би сакале Вашиот интерес да го изразите најдоцна до 15.04.2026 година (среда), како би ја донеле конечната одлука за организирање на настанот. 

Во продолжение Ви го споделуваме линкот за пристап до анонимната анкета: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdR86WPc3Z0fx3NcWqBF_gZkDCdXHRZFnocfz0cXtgrt0MbGQ/viewform

Scroll to Top