ПОКАНА ЗА 92-РА СРЕДБА НА ПРАВНИЦИТЕ, ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од  92-ра Средба на правниците, која ќе се одржи во Хотелскиот комплекс „Метропол“, Охрид од 29-31 октомври  2026 година.

Средбата има за цел да ги обедини правниците од различни области, како и  да отвори простор за дискусија на актуелни правни прашања. Покрај формалниот дел, Ви ветуваме добра дружба и забава.

Агендата за престојната, 92-ра Средба на правниците може да ја погледнете во продолжение:

29 октомври 2026 (четврток)

10:00 – 10:50 ч., Регистрација на учесници

10:50 – 11:00 ч., Обраќање на претседателот на Здружението на правници на РС Македонија, проф. д-р Горан Коевски

11:00 – 12:30 ч., тема: „Безбедност на производите наменети за потрошувачите – одговорност и предизвици во усогласувањето со правната рамка на ЕУ“, проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Скопје и д-р Маријана Лончар – Велкова, Претседателка на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ)

12:30 – 12:45 ч., Дискусија и прашања

12:45 – 13:15 ч., Пауза

13:15 – 14:45 ч., тема: „Новиот Закон за парничната постапка од 2026 година – суштински новини и реформски решенија“, проф. д-р Милка Ракочевиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Скопје и д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје

14:45 – 15:00 ч., Дискусија и прашања

15:00 – 16:00 ч., Пауза за ручек

16:00 – 17:00 ч., тема: „Независно, но одговорно правосудство: меѓу принципите и практиката“, г-ѓа Сузана Јошевска Анастасовска, член  на Судски совет на РС Македонија и г-дин Елвин Вели, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) и претседател на Здружението на јавните обвинители на РСМ

17:00 – 17:30 ч., Дискусија и прашања

20:00 ч. Свечена вечера и забава во хотелот со гостиварската група „Plan G“ – мајсторите на живата свирка

30 октомври 2026 (петок)

10:00 – 12:00 ч., тема: “The Future of International Commercial Arbitration: Efficiency, Legitimacy and Artificial Intelligence”, Ilija Mitrev-Penushliski, VIAC Ambassador for North Macedonia; Nikolaus Pitkowitz, VIAC Honorary President; Davor Babić, VIAC International Advisory Board Member; Nika Rassadina, Counsel at CMS Munich and Prof. Dr. Vangel Dokovski, Full Professor, Faculty of Law “Iustinianus Primus” – Skopje, Acting President, Permanent Elected Court – Arbitration, Economic Chamber of North Macedonia (работен јазик: англиски)

12:00 – 12:30 ч., Дискусија и прашања

12:30 – 13:00 ч., Пауза

13:00 – 13:45 ч., тема: „Арбитража и стечај: помеѓу автономијата на арбитражната спогодба и начелото на еднаков третман на доверителите“, проф. д-р Горан Коевски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ

13:45 – 14:15 ч., Дискусија и прашања

14:15 – 15:00 ч., „Правно управување со ризици како алатки за спречување на спорови и финасиски загуби“, д-р Весна Паункоска Додевска, Директорка на Сектор за правни работи во Пивара Скопје АД

15:00-15:15 ч., Дискусија и прашања 

15:15 ч. Пауза за ручек и слободно попладне

20:00 ч., Вечера и  забава во хотелот со DJ Brick

31 октомври 2026 (сабота)

10:00 – 11:00 ч., тема: „Правото на пензија во услови на финансиска неодржливост на пензискиот систем: каде завршува одговорноста на осигуреникот, а почнува одговорноста на државата?“, г-дин Боро Варошлија, поранешен председател на УО на ФПИОМ

11:00 – 11:30 ч., Дискусија и прашања

11:30 – Одјавување од хотел и заминување на учесниците

Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект што ќе го врши плаќањето.

Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура.

Износот за котизација на претстојната 92-ра Средба на правници ќе изнесува 5.400,00 денари + 18% ДДВ за претплатниците на „Правник“ и редовните членови на Здружение на правници на РС Македонија (членарината се однесува за сите оние кои имаат уплатено за тековната 2026 година) и 6.000,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.

За млади правници до 26 години котизацијата е 4.000,00 денари + 18% ДДВ.

 За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:

  • 5% попуст за 3 пријавени учесници
  • 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
  • 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
  • За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации

Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 23.10.2026 година.

Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Метропол, Охрид.

Т: +389 (0)46 203 001

Ф: +389 (0)46 277 212

sales@metropol-ohrid.com.mk

www.metropol-ohrid.com.mk

   Хотел  Тип на собаНоќевање со појадок  Полу пансион  Полн пансион
Метропол Белви ****  Еднокреветна  66€   4.060мкд     77€      4.740 мкд  90€   5.540мкд
   Двокреветна  86€    5.290мкд    112€    6.890мкд  140€   8.610мкд
   Трокреветна  124€   7.630мкд    150€    9.220мкд  185€  11.380мкд

Цените се по соба, со вклучена туристичка такса и ДДВ.

Сите оброци се послужуваат на шведска маса; Дополнителен оброк ручек или вечера по цена од 980мкд по лице.

Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.

Со почит,

Здружение на правниците на Република Северна Македонија

Претседател,

Проф. д-р Горан Коевски

Scroll to Top