07.12.2026 година, хотел Солун, Скопје
Почитувани,
Во насока на конктинуирано усовршување и следење на актуелните законодавни промени, ве покануваме да присуствувате на еднодневен настан посветен на новиот Закон за парничната постапка од јули 2026 година (во примена од јануари 2027 година), кој ќе се одржи на ден 07.12.2026 година (понеделник) во Хотел Солун, Скопје, од 11:00 до 15:00 часот.
Настанот е можност учесниците да се запознаат со новите институти предвидени во Законот од 2026 година и, низ споредбена анализа со важечкиот ЗПП од 2005 година, да ги согледаат клучните новини и нивното значење за практиката.
Програмата ќе биде реализирана преку четрири тематски излагања од страна на:
- проф. д-р Татјана Зороска Камилоска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје и член на работаната група за подготовка на новиот Закон за парнична постапка;
- проф. д-р Милка Ракочевиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје и член на работаната група за подготовка на новиот Закон за парнична постапка;
- д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје и
- м-р Драган Петрушевски, судија во Основен граѓански суд Скопје
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на субјектот што ќе го врши плаќањето.
Плаќањето за учество на настанот се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество, презентации и кафе пауза.
Котизацијата за учество изнесува 4.400,оо денари плус ДДВ за членови на Здружението и 5.000,оо денари плус ДДВ за останати.
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.
Пријавата за учество можете да ја испратите најдоцна до 03.12.2026 година (четврток).
Бројот на места е ограничен на најмногу до 50 (педесет) слушатели.
Официјалната агенда за овој настан ќе следи во наредните објави на Здружението.
Со почит,
Здружение на правниците на Република Северна Македонија
Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски с.р.



