Почитувани читатели,

Ви ги претставуваме новите три изданија на Здружението на правници на РСМ:

Регистар на наслови објавени во стручното списание „Правник“ од бр. 1- 332 (1992-2019)

Стручното списание „Правник“ е запишан во регистарот на весници од 1992 година, чиј прв број излезе во стилот на дневен весник истата година во месец мај на скромни 8 страници. Од своите почетоци „Правник“ излегува еднаш месечно, а во далечната 1994 година го менува својот дизајн и од весник станува стручно списание.

Стручното списание „Правник“ е замислен како предводник на промените, има цел да едуцира, информира, покренува на размислувања, да нуди компаративни искуства и да помага како да се применат законите. Секогаш се настојува написите во „Правник“ да бидат актуелни и да ги опфатат скоро сите области на правото. Посебно место во „Правник“  имаат темите поврзани со Европската унија и Европскиот суд за човекови права, а исто така во него има објавено и богата домашна и странска судска практика и прилози со разни обрасци, корисни за читателите.

За целиот период од 1992 до денес, „Правник“ излегува во континуитет и од скромните 8 страници сега излегува на над 50, а во изминатите години се објавени над 2000 наслови кои можете да ги најдете во новиот регистар издаден од Здружението.

Регистар на наслови објавени во изданието за теорија и практика на правото „Деловно Право“ од бр. 1- 41 (2000-2019)

„Деловно право“ започнува да се издава во јуни 2000 година како пишан материјал од работата на Здружението на правници на традиционалните средби на правници. Ова издание останува трајно да сведочи за сите ставови и мислења на истакнати стручни лица и експерти во правото, што настапуваат како референти на средбите на правници.

Сите написи објавени во ова издание изминатите 20 години можете да ги најдете во новиот регистар за „Деловно право“.

Судски одлуки (сентенци) објавени во „Правник“ (од бр. 191-320) Новото издание на Здружението на правници на РСМ, книгата „Судски одлуки (сентенци)“, претставува збир на посебниот додаток  судска практика што се објавува во стручното списание „Правник“ и е во функција на воедначување на практиката на судовите. Судската практика ја содржи практиката на Уставниот суд на РСМ, Врховниот суд на РСМ, Управниот суд на РСМ, Вишиот управен суд, практиката на апелационите судови, како и практиката на Европскиот суд за правата на човекот – Стразбур според европската конвенција за човекови права.

Цената на книгите поединечно изнесува:

Регистар на наслови објавени во стручното списание „Правник“ од бр. 1- 332 (1992-2019) 1000 денари

Регистар на наслови објавени во изданието за теорија и практика на правото „Деловно Право“ од бр. 1- 41 (2000-2019) 500 денари

Судски одлуки (сентенци) објавени во „Правник“ (од бр. 191-320) 1500 денари

* Цените на книгите се со вклучен ДДВ
*
За претплатници и членови следува 10% попуст (не се однесува на пакет цената)

Плаќањето се врши по основ на фактура.

За набавка, дополнителни прашања и/или информации ве молиме, контактирајте нè на телефон 02/3131-084 или на меил: mla@mla.org.mk.

Со почит,

Здружение на правници на РСМ

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM