82 – ра СРЕДБА НА ПРАВНИЦИ
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да присуствувате на 82-та Средба на правници, што ќе се одржи од 11 ноември до 13 ноември 2021 година, во хотел Метропол Езерски комплекс, Охрид.
На оваа Средба, на дневен ред е широк спектар на актуелни теми од различни области на правото.
Првиот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Проф. д-р Родна Живковска, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први“, УКИМ Скопје, Проф. д-р Тина Пржеска , редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје, М-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес и Ацо Петров, Претседател на Комора на стечајни управници
Вториот ден од Средбата ќе започне со излагања на следните предавачи:
Проф. д-р Никола Тупанчевски редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први”, УКИМ Скопје, Лазар Нанев, Претседател на Основниот суд Кавадарци, Анита Бошковска, судија во Апелациониот суд Скопје и Ѓорѓи Радојков, судија во Апелациониот суд Скопје
Последниот ден од Средбата свои излагања ќе имаат:
Игор Кузевски, експерт од областа на информациската сигурност и заштитата на личните податоци и Д-р Горан Нациќ, адвокат.
Агендата за 82-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк.
Регистрацијата можете да ја направите на следниот линк.
Пријавувањето исто така можете да го направите и на официјалниот меил на Здружението на правници mla@mla.org.mk.
Износот за котизација на претстојната 82 – ра Средба на правници е 4.490,00 + 18% ДДВ за претплатници и членови на Здружението на правници на РСМ и 4.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.
За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
– повеќе од три учесници: 5% попуст на котизација
– повеќе од пет учесници: 10% попуст на котизација
Сите резервации кои ќе бидат направени до 5.11.2021 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.
Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотелот. Повеќе информации на следниот линк.
ВАЖНО: Средбата ќе се одржи согласно мерките и препораките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19. Поради тоа задолжително е поседување на сертификат/потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина; сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Претседател
Стевица Јосифовски
Share This