87–ма СРЕДБА НА ПРАВНИЦИ

Здружение на правници на Република Северна Македонија

 

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на 87-та Средба на правници на Здружението на правници на Република Северна Македонија, која ќе се одржи од 09 до 11 мај 2024 година во хотел Дрим, Струга.

Притоа, ви го најавуваме широкиот спектар на моментално актуелните теми од различни правни области:

– Казнената одговорност на правните лица во македонското законодавство de lege lata и de lege ferenda,  каков ризик за перење пари носат различните облици на правни лица и кои се релевантните правни аспекти поврзани со користењето на крипто-средатва;

– Даночни аспекти на статусните промени и ревизија на предлог спогодбата, односно на предлог планот за поделба при статусни промени;

– Новините во право на конкуренција од аспект на нефер трговски практики и надомест на штета;

– Статусот на доверител во стечајната постапка (практични прашања, проблеми и дилеми);

– Нотарски исправи со извршна клаузула – отворени прашања и дилеми на патот до брзото и ефикасно извршување на договорните обврски;

– Заштита од вознемирување на работно место;

– Улогата на Државниот инспекторат за труд во заштитата на правата на работниците.

 

Агендата за 87-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк

Износот на котизација на претстојната 87–ма Средба на правници е 6.990,00+ 18% ДДВ за претплатници на Правник и редовни членови на Здружението на правници на РСМ (членарината се однесува за сите оние кои имаат уплатено за тековната 2024година) и 7.990,00 денари + 18% ДДВ за сите останати.

 

За млади правници до 26 години котизацијата е 4000,00 денари + 18% ДДВ.

 

Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето и изјава за возраст доколку се работи за млад правник.

Плаќањето за учество на Средбата се врши по основ на фактура.

 

За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:

  • 5% попуст за 3 пријавени учесници
  • 10% попуст за пријавени 4–6 учесници
  • 15% попуст за пријавени 7–9 учесници
  • За 10 пријавени учесници следуваат 2 бесплатни котизации

 

Сите оние кои ќе се пријават до 12.4.2024 (петок) до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.

 

Пријавата за учество на Средбата можете да ја испратите најдоцна до 26.4.2024 година (петок) до 16h. 

 

Во рамките на надоместокот е вклучено: доделувањето на сертификат, материјали од Средбата во електронска верзија, пристап до тридневните предавања, расправи, како и можност да се поставуваат прашања и да се добијат одговори.

 

Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотел Дрим.

 

Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.

 

Со почит,

Здружение на правници на Република Северна Македонија

Претседател

Проф. д-р Горан Коевски

 

 

 
 

Share This

 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM