ПРЕТСЕДАТЕЛ
Здружението го претставува и застапува Претседателот на Здружението. Има мандат од 4 години со можност за повторен избор. Претседателот по функција е член на Управниот одбор и негов претседател.
Претседател на Здружението на правниците на Република Северна Македонија е
Проф. д-р Горан Коевски
ОРГАНИ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО
СОБРАНИЕ |
Собранието на Здружението го сочинуваат сите членови кои пристапиле кон Здружението.Собранието на Здружението, според статутот, е надлежно за: |
- донесува статут, програма и други акти;
- усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и ги објавува на својата веб- страница;
- одлучува за промена на целта на Здружението
- одлучува за внатрешната организација и организациони форми на органите на Здружението
- избира претседател на Здружението;
- избира и разрешува членови на Управниот одбор и го определува нивниот број и избира и разрешува членови на Надзорниот одбор на Здружението,;
- одлучува за статусните измени на Здружението;
- одлучува за почесните членови на Здружението;
- одлучува за престанокот на Здружението, и
- врши и други работи во согласност со статутот и актите на Здружението
– извештај за работа за 2013 година
– финансиски извештај за 2013 година
– извештај за работа за 2014 година
– финансиски извештај за 2014 година
– извештај за работа за 2015 година
– финансиски извештај за 2015 година
– извештај за работа за 2016 година
– финансиски извештај за 2016 година
– извештај за работа за 2017 година
– финансиски извештај за 2017 година
УПРАВЕН ОДБОР |
Управниот одбор на Здружението е извршен орган на Собранието. Бројот на членовите во Управниот одбор го определува Собранието со посебна одлука. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години со можност за повторен избор.
- Управниот одбор во соработка со претседателот и извршниот директор, ги подготвуваат седниците на Собранието
- ги утврдува и организира формите на работа и на делување на Здружението и за тоа донесува соодветни одлуки,
- организира стручни расправи, ги подготвува предлозите на материјалите и одлуките кои ги донесува Собранието
- се грижи за спроведување на одлуките и заклучоците на Собранието
- ја операционализира програмата за работа на Здружението;
- врз основа на јавен оглас го именува извршниот директор на Здужението;
- формира постојани и повремени работни тела;
- одлучува и за други прашања утврдени со статутот и по барање на Собранието.
Актуелни членови на Управниот одбор
- Стевица Јосифовски – адвокат, Претседател на Здружение на правници на Република Македонија
- Доц. д-р Валентина Анѓелкоска – Професор на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје
- Проф.д-р Горан Коевски – Декан на Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје
- Д-р Андријана Скерлев-Чакар – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Р.Македонија
- Проф.д-р Борче Давитковски – Професор на Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје
- Проф.д-р Катерина Анчевска Нетковска – Вонреден професор на Фармацевтски факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
- Проф.д-р Сејфула Османи – Вонреден професор на Меѓународниот Универзитет во Струга
- Александар Шахов – Директор на ИДЕАС ДеПо
- Јана Стојкова – Диркетор за правни работи Македонија АТЛАНТИK ГРУПА
|
ОДБОР |
Здружението има Надзорен Одбор како орган за надзор.
Надзорниот Одбор брои 3 члена кои ги избира Собранието со мандат од 4 години.
Надзорниот Одбор ја следи примената на статутот и на програмата, се грижи за работењето и имотот на организацијата и врши други работи на начин утврден со Статутот. Надзорниот Одбор го следи и прибирањето на членарината, за што повременo, а најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието.
Актуелни членови на Надзорниот Одбор
– Хари Ајцев, адвокат
– Владимир Цекоски, адвокат
– Анета Петровска Алексова, нотар |
КОМИСИЈА ЗА ПРИМЕНА НА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС |
Комисијата ја формира Управниот одбор на Здружението и се состои од 3 члена. Комисијата ги испитува наводите во пријавата и во случај на постоење на непочитување на Етичкиот кодекс изрекува мерка- опомена. Три изречени мерки на опомена на ист член на Здружението повлекуваат мерка- престанок на членство во Здружението.
Актуелни членови на Комисијата за следење на примената на Етичкиот кодекс се:
– Билјана Стојановска
– Весна Доброхотова
– Берат Мехмеди |