[ПОКАНА]
За номинација на претставници во локалната мрежа за подобрување на политиките и услугите за мигрантите

Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве поканиме да номинирате претставници од Вашата организација/институција кои ќе учествуваат во работата на локалните мрежи за подобрување на политиките и услугите за мигрантите во Македонија и тоа во Скопје, Куманово и Гевгелија.
Трите мрежи започнаа со функционирање од 1 јуни 2017 година. Тие се составени од претставници од граѓански организации, државни институции, центри за социјална работа, локални општини, како и поединци и неформални групи кои се вклучени во областа на имплементирање на политики и обзебедување на услуги за мигрантите на локално ниво. Секоја локална мрежа ќе биде водена од еден член (local focal point).
Членовите на мрежите ќе добијат две дводневни обуки за мониторинг и застапување на политики на локално ниво и притоа самите ќе креираат планови за локален мониторинг на политиките и услугите за мигрантите во таргетираните општини. Обуките ќе одржат во периодот од септември 2017 до декември 2017.
Обврските на членовите на мрежите ќе биде да имаат најмалку еден состанок на секои два месеца. Како конкретен производ кој ќе произлезе од работата на мрежите ќе бидат три мониторинг извештаи (изработени по однапред направена методологија од страна на имплементаторите на проектот) и тоа во февруари 2018 година и ноември 2018 година.
Во тој контекст, Ве покануваме да номинирате најмногу два претставника кои ќе земат учество во мрежата со испраќање на CV од кандидатите и пропратно писмо за номинација (доколку кандидатот е дел од организација/институција).
Рокот за номинирање на кандидатите е 15 септември 2017 година.
Пријавите е потребно да се испратат електронски на euproject@mla.org.mk
Формирањето на локалните мрежи е во рамките на проектот “Создаваме заедно – мониторинг и застапување за заедницата” кој Здружението на правници на Р.Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го имплементира во периодот од јануари 2017 до декември 2018.

 

Share This

 
 
 
 
Facebook
Facebook
INSTAGRAM