Препораки: Спроведување на ефективни акциски планови преку Стратегија за бегалци и странци во Македонија

 

(Скопје, 26.06.2018) Креирање на акциски планови на локално ниво за спроведување на одредбите во Стратегија за бегалци и странци 2017-2027 е главната препорака од втората експертска тркалезна маса која се одржа во Скопје. На дебатата се вклучија преставници од локалните мрежи во рамки на проектот, здруженија на граѓани и државните инстиции.

„Наши препораки до институциите се сензитизирање на локалното население за проблемите на луѓето кои што сакаат да се интегрираат во општината и придобивките од нивното интегрирање. Идентификување на локални културни медијатори кои што ќе им бидат од помош на лицата кои што сакаат да се интегрираат за да можат полесно да ја разберат и прифатат културата на локалното население. Обуки и курсеви за учење на македонски јазик и идентификување на работни позиции кои ќе се достапни во општината“ изјави Иван Јованов, проектен менаџер на проектот.

Мониторинг извештаите опфатија анализи на локалните политики во општините во градовите Скопје, Куманово и Гевгелија во секторите вработување, домување, здравство, образование,  усогласеност со националната институционална рамка  за заштита на мигрантите како имеханизми за интер-секторска соработка и квалитет.

„Нашите постигнати резултати се темелат на реализација на регионалната студија за позиција на мигрантите и бегалците во Србија и Македонија како да се обезбеди успешна и оддржлива интеграција на бгалците и мигрантите. Доделевме три гранта во локалните заедници Скопје, Куманово и Гевгелија на локални организациии направивме посета во Берлин, Есен и Дизелдорф, Германија за да направиме го видиме начинот со кој Герминија со справува со интеграцијата.“ додаде Јованов.

Проектот Создаваме заедно: мониторинг и застапување за заедницата е имплементиран од Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со Здружение на правници на Република Македонија и Здружение Атина од Србија а е финансиран од Европската Унија, истиот се реалзира од јануари 2017 година во Србија и Македонија, во 10 општини во кои има најголем број на бегалци.

 

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM