Здружението на правници на Република Македонија и 
Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје,

Ве покануваат на практично еднодневно советување на тема:
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРИТЕ: неисполнување на договорите, неважност, ништовност, правни последици според ЗОО и влијание на стечајна постапка врз полноважноста, битни повреди на договорите, потреби од измени и дополнувања во македонското законодавтво и практични искуства од судска пракса

17.12.2018 год. (понеделник) во хотел Континентал, Скопје со почеток во 10:00 часот

Целта на советувањето е пред учесниците да се презентираат неколку аспекти од облигационите односи кои предизвикуваат доста контроверзии во правната практика, како и различни толкувања за примена на правото при престанок на договорите. Првиот дел на советувањето е посветено на раскинувањето на договорите со посебен акцент на раскинување на договорите поради неисполнување. Вториот дел е посветен на правните последици од ништовноста според Законот за облигационите односи, како и секогаш загонетната тема – ништовност на договорите со посебен осврт на влијанието на стечајната постапка врз полноважноста на договорите. Концептот на битна повреда на договорот и потребата од измени и дополнувања на македонското законодавство ќе биде презентирана во третиот од советувањето како тема која ќе ги претстави сите слабости и секако потребите од интервенции на законодавецот со цел надминување на истите.  Последниот дел од советувањето е посветен на практични искуства од судската пракса поврзани со одредбите од Законот за облигационите односи кои се однесуваат на ништовен договор и раскинување на договорот. Имајќи во предвид дека судската пракса поврзана со темите на предавањето е разнообразна, но истовремено ги надополнува правните празнините во законската регулатива, како и разнообразните толкувања на одредени аспекти од оваа област се причините поради кои поканивме поранешен судија во пензија со богато искуство во областа, двајца актуелни судии и универзитетски професор, верувајќи дека токму овој состав на предавачи ќе даде посеопфатен придонес во разработка на главната тема на ова советување.

Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на овој меил.

Предавачи на ова советување се:

Проф. д-р Кирил Чавдар, поранешен судија на Врховен суд на Република Македонија, професор на Универзитет „Американ  колеџ“ – Скопје, автор на повеќе стручни и научни трудови;

Судија Александар Шопов, претседател на Основен суд Велес;

Проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, универзитетски професор по предметот Облигационо право и

Судија Александар Цацков, судија во Основен суд Штип.

Пријавувањето за учество на еднодневното советување се врши најдоцна до 13.12.2018 година (четврток) на телефон: 02/3131-084 или 02/3224-131 или на меил: mla@mla.org.mk или obuki@act.com.mk. При пријавувањето наведете: име и презиме, адреса за е-пошта и телефон на учесникот/-чката и назив и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.

Агендата и деталите во однос на Еднодневното советување Ви се достапни на следниот линк.

Цената за учество на советувањето за едно лице е:
3.000,00 ден. + 18% ДДВ за претплатници на „Правник“ и
4.000,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.

За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 учесници – 20% попуст, а за пријавени над 5 учесници следуваат специјални попусти.

Плаќањето се врши по основ на фактура по одржување на советувањето. Во цената е вклучено: материјали од советување, работен материјал, бесплатни примероци од стручното списание „Правник“, кафе, вода, закуска за време на паузата и сертификат за учество.

За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска со оваа покана за учество на практичното советување, Ве молиме, контактирајте нè на долунаведените телефони или реплицирајте на овој меил.

Со почит,

Здружение на правници на Р. Македонија

 

Share This

 
 
 
 
Twitter
Visit Us
Follow Me
INSTAGRAM