Почитувани,

Ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да присуствувате на 81-та Средба на правници, што ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември 2019 година, во хотел Метропол Езерски комплекс, Охрид.
 
На оваа Средба, на дневен ред е широк спектар на актуелни теми од различни области на правото.
 
Првиот ден од Средбата ќе биде посветен на теми од областа на кривичното и компаниско право, каде свои излагања ќе имаат:
Проф. д-р Гордан Калајџиев, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје; Павлина Јанкуловска, обвинител во Основно јавно обвинителство – Битола; Тања Милева, судија во Апелациониот суд Скопје; Проф. д-р Никола Тупанчески, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје; Блажо Трендафилов, директор на Управа за финансиско разузнавање; Проф. д-р Горан Коевски, декан на Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје.

Во рамките на вториот ден од Средбата, ќе бидат дискутирани актуелни прашања од областа на стечајно, стопанско и граѓанско право. Овој ден ќе започне со излагања на следните предавачи:
м-р Александар Шопов, судија во Основен суд Велес; Ацо Петров, претседател на Комора на стечајни управници; м-р Наташа Савовска – Димитровска, судија во Апелационен суд Скопје; Проф. д-р Арсен Јаневски, проф. д-р. Татјана Зороска Камиловска и доц. д-р Милка Ракочевиќ на Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје; Антоанета Димовска, судија во Основен граѓански суд Скопје; Проф. д-р Осман Кадриу, судија во Уставен суд Скопје; Зоран Герасимовски, судија во Апелационен суд Скопје.

Последниот ден од Средбата ќе биде посветен на прашања од областа на трудовото право каде свои излагања ќе имаат:
Љупчо Спироски, судија во Основен суд Тетово; Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје.

Агендата за 81-та Средба на правници Ви е достапна на следниот линк.

Регистрацијата можете да ја направите на следниот линк.

Пријавувањето исто така можете да го направите и на официјалниот меил на Здружението на правници mla@mla.org.mk.

Износот за котизација на претстојната 81 – ва Средба на правници е 4.410,00 за претплатници и членови на Здружението на правници на Р. Македонија и 4.900,00 денари со вклучен ДДВ за сите останати.

За пријавени повеќе учесници од иста организација добивате:
– повеќе од три учесници:  5% попуст на котизација
– повеќе од пет учесници: 10% попуст на котизација

Сите резервации кои ќе бидат направени до 15.10.2019 до 16 часот ќе добијат дополнителни 10% попуст на котизацијата за Средбата.

СМЕСТУВАЊЕ:

Цена за сместување во:                       Двокреветна              Еднокреветна

Хотел Метропол****                                 3.000,00 ден.                  3.700,00  ден.

Хотел Белви****                                         3.000,00  ден.                 3.700,00  ден.

* Цените се по лице на ден, на база полн пансион.


Резервацијата за хотелското сместување се прави директно во хотелот. Повеќе информации на следниот линк.

Исто така Здружението на правници има и организиран автобуски превоз, кој изнесува 900,00 денари повратен билет по лице, со тоа што се тргнува еден ден пред отпочнување на Средбата, односно на 30.10.2019 година.

Резервациите и плаќањето на превозот треба да бидат завршени најдоцна до 30.10.2019 година.

Поаѓање од Скопје кон Охрид  30.10. во 14:30 часот

Враќање од Охрид кон Скопје  2.11. во 14:00 часот


Со почит,
Здружение на правници на РСМ
Претседател
Стевица Јосифовски

 

Share This

 
 
 
 
Facebook
Facebook
Twitter
Visit Us
INSTAGRAM