ЕДНОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Почитувани,
Ни преставува особена чест и задоволство да ве поканиме на еднодневно советување, кое ќе се одржи на ден 05.03.2024 година (вторник) во хотел Мериот,Скопје.
Притоа, темата која ќе биде предмет на презентација и дискусија на претстојното Еднодневно советување е следната:
„Подигање на велот на правното лице ( трговско друштво)“.
Како презентери на истата се предвидени проф. д-р Горан Коевски- редовен професор при Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје и м-р Александар Шопов- судија на Апелациониот суд Скопје.
Пријавувањето за учество на еднодневното советување започнува денес на 14.02.2024 година (среда) и трае најдоцна до 04.03.2024 година (понеделник).
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/-чката, називот и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Агендата ви е достапна на следниот линк
Цената за учество на советувањето за едно лице е:
– 3.899,00 ден. + 18% ДДВ за членови на ЗПРСМ и
– 4.299,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.
Агендата е концепирана така што е предвидено време за прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми. Деталната агенда за престојното советување е во прилог на оваа покана.
Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: материјали во електронска верзија, сертификат за учество и кафе пауза.
Со почит,
Здружение на правници на Република Северна Македонија
Share This