21.05.2026 година, Деловен центар Premium
Почитувани,
Со особено задоволство, Ве покануваме на еднодневна работилница на тема: „Од теорија до пракса: FIDIC договори во инфраструктурните проекти“, која ќе се одржи во Деловниот центар Premium, веднаш до салонот на Mercedes-Benz – Мак Аутостар, Скопје на 21.05.2026 година (четврток).
Целта на оваа работилница е да направиме поврзување помеѓу правото и градежништвото, првенствено со цел да се приближи практичната примена на ФИДИК договорите и да се унапреди меѓусебното разбирање помеѓу сите засегнати страни (инвеститорите, изведувачите, надзорот, адвокатите и други).
Агендата за престојната, едноденвна работилница може да ја погледнете во продолжение:
11:30-12:00 Регистрација на учесници
12:00-12:15 Воведeн говор на проф. д-р Горан Коевски, претседател на Здружението на правниците на Република Северна Македонија
12:15-13:00 Вовед во ФИДИК договорите: структура, општи одредби и посебни одредби, улога, обврски и распределба на ризици помеѓу страните, Елена Кочова, проектен директор ИРД ЕНГИНЕЕРИНГ, подружница во Скопје
13:00-13:45 Процедура и управување со варијации(variatons), побарувања (claims) и како истите водат кон потенцијални спорови помеѓу страните, Душан Цветковиќ, CCM Solutions, BSc.Civ.Eng | LL.M Construction Law and Arbitration FIDIC Certified Adjudicator | FCIArb | MRICS | CDRC Arbitrator ACES Adjudicator | DIAC Arbitrator | RAC Adjudicator | FIDIC Task Group 19, https://www.linkedin.com/in/cvetkovicdusan/
13:45-14:15 Кафе пауза
14:15-15:00 Механизми за избегнување и решавање на спорови во ФИДИК договори: улогата на DAB/DAAB, донесување и спроведување на одлуките, арбитражнапостапка, проф. д-р Вангел Доковски, редовен професор на Правен Факултет Јустинијан
Први-Скопје, в.д претседател на Постојниот избран суд-Арбитража при Стопнската комора на Северна Македонија 15:00-15:30 Прашања и дискусија/ Заклучоци и препораки
Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на правниот субјект што ќе го врши плаќањето.
Плаќањето за учество на конференцијата се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество и кафе пауза.
Котизацијата за учество изнесува 4.000,оо денари плус ДДВ за членови на Здружението и 4.400,оо денари плус ДДВ за останати.
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.
Пријавата за учество можете да ја испратите најдоцна до 19.05.2026 година (вторник).
Организаторот го задржува правото да направи одредени промени во агендата.
Со почит,
Здружение на правниците на Република Северна Македонија
Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски с.р.



