ПОКАНА – „Новиот Закон за парничната постапка од 2026 година – суштински новини и реформски решенија“

23.12.2026 година, хотел Солун, Скопје

Почитувани,

Поради големиот интерес за еднодневениот настан посветен на новиот Закон за парничната постапка од јули 2026 година (во примена од јануари 2027 година), со задоволство ве известуваме дека ќе организираме уште еден настан, кој ќе се одржи на 23.12.2026 година во Хотел Солун, Скопје, од 11:00 до 15:00 часот.

Ве известуваме дека бројот на предвидени учесници за првиот термин (07.12.2026 година) е пополнет.

Настанот е можност учесниците да се запознаат со новите институти предвидени во Законот од 2026 година и, низ споредбена анализа со важечкиот ЗПП од 2005 година, да ги согледаат клучните новини и нивното значење за практиката.

 Во продолжение Ви ги споделуваме темите кои ќе бидат обработени на еднодневниот настан:

  • Начела, процесни субјекти (суд, странки и нивни застапници) и преземање на парничните дејствија, со осврт на доставувањето на писмена, поднесоците, роковите и рочиштата – Проф. д-р Милка Ракочевиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје и член на работаната група за подготовка на новиот Закон за парнична постапка;
  • Подготвување на главна расправа, главна расправа, судско порамнување и постапка во спорови од мала вредност – м-р Драган Петрушевски, судија во Основен граѓански суд Скопје; 
  • Докази и изведување на  докази; Постапка за заштита на колективни интереси и права – д-р Горан Нациќ, адвокат од Скопје;
  • Новини кај судските одлуки и системот на правните лекови – Проф. д-р Татјана Зороска Камиловска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје и член на работаната група за подготовка на новиот Закон за парнична постапка

Пријавувањето се врши на mla@mla.org.mk со испраќање на име, презиме, адреса за е-пошта, телефон за контакт на учесникот/чката, називот и адресата на субјектот што ќе го врши плаќањето.

Плаќањето за учество на настанот се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: сертификат за учество, презентации и кафе пауза.

Котизацијата за учество изнесува 4.400,оо денари плус ДДВ за членови на Здружението и 5.000,оо денари плус ДДВ за останати.

За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници – 15% попуст, 5 и повеќе учесници – 20% попуст.

Пријавата за учество можете да ја испратите најдоцна до 18.12.2026 година (петок).

Бројот на места е ограничен на најмногу до 50 (педесет) слушатели.

Официјалната агенда за овој настан ќе следи во наредните објави на Здружението.

Со почит,
Здружение на правниците на Република Северна Македонија

Претседател,
Проф. д-р Горан Коевски с.р.

Scroll to Top